Connect with us

Останато

Британците почнаа да си “поигруваат” со еврото или европејците ја “прешкртаа” Британија?

Објавено

на

Британските европратеници, кои го поддржуваа Брегзит, го напуштија Европскиот парламент со песна, потоа следуваше и отстранувањето на британското знаме од Европскиот совет.

Со извикување „Збогум ЕУ“ приврзаниците на Брегзит се обидоа да го запалат знамето на Европската унија, но веројатно беше изработено од квалитетен материјал, па нивните обиди завршија безуспешно.

Во Берлин, граѓаните се собраа против заминувањето на Велика Британија. Ја пееја официјалната химна на ЕУ „Ода на радоста“.

За британскиот премиер Борис Џонсон, ова не е крај, туку нов почеток.

Нашата задача како влада, мојата задача е да ја обединиме земјата и да одиме напред. Најважното нешто што треба да се каже вечерва е дека ова не е крајот, туку е нов почеток.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен порача дека односите никогаш нема повеќе да бидат исти.

Ние сакаме да имаме најдобри можни односи со Велика Британија, но никогаш нема да бидат добри како членството. Нашето искуство нè научи, дека силата не лежи во поделена изолација, туку во нашата уникатна Унија.

Британците гласаа да ја напуштат ЕУ на референдум во јуни 2016 година, а владата официјално ја извести Унијата за намерата да замине во март 2017 година. Бидејќи Велика Британија го заврши 47-годишното членство во ЕУ, таа влезе во преоден рок почнувајќи од саботата, за време на кој ќе преговара со ЕУ за трговски договори и врските меѓу земјата и ЕУ.

На социјалните мрежи кружи интересна фотографија со банкнотата од 50 евра, на која со пенкало е прешкртана Велика Британија. Фотографијата е со опис “Не заборавајте да ги апдејтирате вашите евро банкноти вечерва“.

Сепак, нејасно е дали британците се поигруваат во еврото или европејците кои се дел од европската унија ја прешкртаа Британија по Брегзитот.

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно