Криптовалути
Британците забранија реклами кои промовираат купување на биткоини

Британската национална регулаторна агенција за рекламирање забрани рекламна кампања која им кажува на луѓето во Велика Британија дека е „време да се купи“ биткоин, оценувајќи дека таквото рекламирање не е во ред.
Постерите на платформата за трговија со криптовалути „Луно”, кои оваа година беа залепени на композиции на метроата низ мрежата на подземната железница во Лондон и на автобусите во Лондон, покажуваат исцртана слика на биткоин со пораката: „Ако видите биткоин на земја, време е за купување“, која користи игра на зборови со терминот „underground“ што на англиски значи метро.
Агенцијата за стандарди за рекламирање објави дека рекламирањето во сегашната форма не смее повеќе да се прикажува, бидејќи не ги предупредува луѓето на можните ризиците, пренесува „CNBC”.
Регулаторното тело изјави дека добило четири жалби во врска со тој оглас, со три обвинувања дека „рекламата не ги прикажува ризиците и ги доведува луѓето во заблуда“, а едно тврдење се однесува на тоа дека рекламата го користи неискуството или лековерноста на потрошувачите.
Според агенцијата, рекламната порака „време е да се купи“ може да се толкува како повик за акција и да создаде впечаток дека инвестирањето во биткоин е едноставно и достапно.
„Инвестирањето во биткоин е сложено, нестабилно и може да ги изложи на загуба инвеститорите, што е спротивно на впечатокот што произлегува од рекламата дека оваа инвестиција е едноставна и конвенционална. Затоа, заклучивме дека рекламата неодговорно сугерира дека пристапувањето кон инвестиции во биткоин преку Луно е едноставно и лесно“, стои во одлуката.
На компанијата Луно и беше препорачано во идните маркетинг комуникации да ја презентира „доволно јасно дека вредноста на инвестициите во биткоин е променлива”, односно дека може да паѓаат и да растат и дека мора да ги нагласи активностите на компанијата и пазарот на биткоин кои не се законски регулирани.
Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје