Connect with us

Останато

Британската кралска пошта најави отпуштања на менаџери и неоперативни работни места

Објавено

на

Британската пошта – „Royal Mail“ најави намалување на оперативните трошоци и отпуштања од работа, јави агенцијата Анадолија.

„Ќе спроведеме мерки за намалување на оперативните трошоци што треба да дадат заштеда од 130 милиони фунти”, изјави Кит Вилијамс, в.д. директор на Кралската пошта.

Вилијамс истакна дека оваа одлука е дел од најавеното намалување на капиталните расходи за околу 300 милиони фунти во следните две години, со цел соодветно да одговори на непосредните последици од епидемијата на коронавирусот врз бизнисот на британската пошта.

Покрај тоа, во „Royal Mail“ се планира најголемото досега кастрење на високи извршни функции и други неоперативни работни места. Во Кралската пошта во моментов се вработени повеќе од 161.000 лица, меѓу кои има и 9.700 менаџери.

Во првите два месеци од оваа година, годишните проектирани приходи на компанијата беа пониски за 29 милиони фунти.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно