Connect with us

Останато

Брзото менување на законите најголем проблем на бизнисот во Македонија

Објавено

на

Брзото менување на закони и сивата економија остануваат најголеми проблеми за микро, малите и средните претпријатија во Македонија.

Како што беше кажано денеска на прес-конференција во Стопанската комора, најголем проблем фирмите имаат со законите за работни односи, за безбедност и заштита при работа, како и со правата и обврските од законите за даночна и царинска политика, животна средина и урбанизам.

 

“За што подобро информирање на компаниите, но и за детектирање на нивните проблеми, почнуваме со т.н. инфо-сесии, вкупно 18, во десет градови низ Македонија. Стартот е задутре, 22 март, со првиот информативен настан во Велес. Клучни сектори што ќе бидат опфатени со анализите се земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот”, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Комората.

 

Инфо-сесиите се дел од проектот на УСАИД што го спроведува „Епицентар Интернационал“ – Скопје во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Комората за информатичка и телекомуникациска технологија МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Целна група се сите микро, старт-ап, мали и средни претпријатија, но не е исклучена можноста и за присуство на претставници од големите компании.

 

“Целта е двојна, подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените кои фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи”, нагласи директорот на „Епицентар Интернационал“ – Скопје Љупчо Димовски.

 

Информативните настани ќе се одржуваат до 7 јуни годинава, во Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и Скопје.

 

Покрај информативните сесии, како што информира Димовски, се подготвува систем „ваучери“ и „чек листа“ кои ќе профункционираат од средината на годинава, а треба да придонесат за побрзо информирање на компаниите за законските промени и како тие треба да се имплементираат во работењето на фирмите. 

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање



Популарно