Домашни банки
Бранко Грегановиќ го презема раководењето со НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.
„Ве известуваме дека на ден 22.12.2021 година, Г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје поднесе оставка од функцијата во која е наведено дека ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор до 31.12.2021 година” – се вели во соопштението на Банката.
На ден 29.12.2021 година Народната банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност со која Г-дин Бранко Грегановиќ е именуван за Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје почнувајќи од 01.01.2022 година.
Бранко Грегановиќ има повеќе од 20 години искуство на високи позиции во банкарскиот и реалниот сектор. Тој е поранешен Главен извршен директор и Главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград.
За време на неговите седум години на чело на НЛБ Банка Белград, банката обезбеди профитабилно работење и забрзан раст од 15% до 20% годишно. Така, Банката го отвори патот за преземање на една од водечките банки на српскиот пазар, Комерцијална банка, од страна на НЛБ д.д., во декември 2020 година. По аквизицијата, банките во НЛБ Групацијата имаат една од првите топ-три и системски важни позиции на сите пазари на кои работи Групацијата.
Грегановиќ покрај тоа што ќе биде нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги преземе и функциите на Главен извршен директор и Главен маркетинг директор.
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ


Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)
Домашни банки
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“


Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје