Connect with us

Домашни банки

БРАВО ХАЛКБАНК: Профит од 10,6 милиони евра во 2018 година!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја заврши 2018 година со огромни постигнувања за банката, не само од финансиска гледна точка, туку и обезбедувајќи им одлична услуга на клиентите, а воедно и на заедницата во која припаѓаме.

За банката, 2018 година беше година во која беа истакнати новото мото и значењето на името на банката, дефинирајќи ги преку новиот слоган – „Важни се луѓето“. Впрочем, луѓето се јадрото во работењето на банката.

Во продолжение, ја презентираме пораката од Д-р Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, кој се осврна на сработеното во 2018 година:

“Започнувајќи од внатрешноста на нашата институција, луѓето се токму оние кои прават сè, кои го реализираат секој процес во банката, притоа трудејќи се најдобро да одговорат на потребите на луѓето, кои доаѓаат во банката како наши клиенти. Човечкиот капитал на банката е најодговорен и најзаслужен за успесите што секојдневно ги постигнуваме.

Благодарејќи на посветеноста, напорната работа и практикувањето на одлична корпоративна култура, нашиот тим успеа да стане еден од најдобрите на пазарот во однос на понуда на услуги кои ќе успеат да ги исполнат барањата на клиентите. Јас сум особено горд што оваа година добивме информација од официјално спроведено истражување на финансискиот пазар во рамките на кое клиентите ја рангираа нашата банка меѓу оние со најдобар квалитет на услугите – создавајќи најголемо задоволство кај истите.

Нашата посветеност кон одржување на ваквите резултати ќе продолжи и во иднина.

Од друга страна, продолжуваме со одличниот напредок во однос на технологијата, иновациите, зголемување на разновидноста на услугите, како и со намалувањето на бирократијата во работењето.

Го помогнавме и бизнис секторот во државата, кој се состои од големи и мали претпријатија, исполнувајќи го она во што сме најдобри – кредитирање, инвестирање и опслужување на нашите клиенти.

Ја поддржавме и заедницата во која делуваме преку нашите програми за корпоративна одговорност. Уште еднаш потврдивме дека нашата банка е и еден од најголемите поддржувачи на спортот и на културата во земјата.

Економската сила на банката и нејзината позиција на пазарот беа потврдени преку докапитализација во износ од 10 милиони евра, со што нашиот вкупен капитал сега изнесува 105 милиони евра.

Нашата мрежа од филијали веќе брои 41 филијала. Во 2018 година отворивме две нови филијали, а, исто така, проширивме и реновиравме неколку од постоечките филијали. Бројот на нашите вработени сега изнесува 532 лица. Алтернативните канали ги надополнивме со 8 нови банкомати и со плус 570 ПОС-терминали. Бројот на банкомати со кој банката моментално располага е 131, додека, пак, бројот на ПОС-терминали изнесува 6.385.

Активата на банката порасна за 11,9% (од 686,6 на 768,2 милиони евра).

Во однос на кредитирањето на населението, како банка што нуди кредитни производи со најповолни услови на домашниот пазар, нашата банка успеа да го зголеми портфолиото на станбени кредити на 63,3 милиони евра, притоа постигнувајќи нето-раст од 39,4%.

Што се однесува до профитабилноста, 2018 година ја завршивме со раст од 20,5%, достигнувајќи профит од 10,6 милиони евра.

Изразувајќи го моето искрено задоволство за она што успеавме да го постигнеме на крајот од годината, сакам да ја споделам со вас мојата најискрена благодарност до секој член од семејството на нашата Халкбанк, како и до секој од вас – наши клиенти и пријатели, кои имаме примарна должност квалитетно да ве опслужиме и големо задоволство да соработуваме.”

 

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Натпревар за млади со идеи за социјално претприемништво

Објавено

на

Млади претприемачи со голема идеја и желба да извршат значително влијание врз општествените проблеми може да учествуваат на петтиот натпревар „Награда за социјално претприемништво“ – Social Impact Award – Kick Off SIA 2019, што ќе биде промовиран денес во Фондот за иновации и технолошки развој со почеток во 12:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка објавува jавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, во согласност со дадена спецификација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange