Connect with us

Домашни банки

Бојан Стојаноски реизбран за член на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на банката.

„Со Решението ПТ бр. 15-6452/3 од 21 март 2022 година Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за повторно именување на г-динот Бојан Стојаноски за член на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје со мандат од 4 години, почнувајќи од 24.03.2022 година”, се вели во соопштението на Стопанска банка АД – Скопје.

Бојан Стојаноски е Магистер по економски науки во областа на финансиски менаџмент, при Економскиот институт, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје. Во моментов ја извршува функцијата Генерален директор за управување со ризици и членува во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје од 2020 година.

Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка АД – Скопје, успешно ја градеше својата кариера во Халк Банка АД Скопје на значајни позиции, меѓу кои директор на Сектор за кредитирање, Секторот за финансиско управување и планирање, Секторот за управување со лоши пласмани, Секторот за управување со средства и ликвидност, како и Секторот за маркетинг и продажба. Претходно ја гради кариерата во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје каде што работи како член на Управен одбор и Втор Генерален директор.

Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го сочинуваат:

  • Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор
  • Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор
  • Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор
  • Бојан Стојаноски – Генерален директор за управување со ризици, член на Управен Одбор

Депозити

Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно