Домашни банки
Бојан Стојаноски нов член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.
Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го именува г-дин Бојан Стојаноски за член на Управниот одбор – Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје, кој оваа позиција ќе ја преземе од долгогодишниот член на Управниот одбор, Тони Стојановски.
Мандатот на новоизбраниот член на Управниот одбор ќе биде четири години од датумот на стапување во сила на оваа Одлука.
„Претседателот или Заменик претседателот на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје е овластен да го потпише Менаџерскиот договор со Генералниот директор за управување со ризици и член на Управниот одбор” – се вели во соопштението на Банката.
Оваа Одлука е со важност од денот на донесувањето и стапува во сила на денот на добивање на потребната согласност од страна на Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија.
Согласно новите измени, Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го сочинуваат:
- Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор
- Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор
- Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор
- Бојан Стојаноски – Генерален директор за управување со ризици, член на Управен Одбор
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство