Connect with us

Домашни банки

Бојан Стојаноски и официјално дел од Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.

„На 19.03.2020 година, Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде согласност за именувањето на г-динот Бојан Стојаноски за член на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје и Генерален директор за управување со ризици.

Од истиот датум, досегашниот Генерален директор за управување со ризици, г-динот Тони Стојановски се именува за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор” – се вели во соопштението на Банката.

Мандатот на новоизбраниот член на Управниот одбор ќе биде четири години.

Согласно новите измени, Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го сочинуваат:

  • Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор
  • Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор
  • Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор
  • Бојан Стојаноски – Генерален директор за управување со ризици, член на Управен Одбор

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно