Connect with us

Домашни банки

Боштјан Ковач го менува Борут Вујчич во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Членот на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје г. Борут Вујчич до Собранието на акционери поднесе оставка од функцијата член на Надзорниот одбор на Банката на 7.12.2021 година.

Согласно член 364 од Законот за трговските друштва, по поднесена оставка не се одлучува за нејзиното прифаќање. Се смета дека на членот на Надзорниот одбор му престанал мандатот со денот на поднесувањето на известувањето за оставката, во писмена форма, освен ако во известувањето не е наведен некој друг датум.

Во поднесената оставка г. Борут Вујчич нема наведено дека ќе продолжи да ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор, што значи дека неговата оставка е ефективна на денот на поднесувањето.

За дополнување на составот на членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, од акционерот НЛБ д.д. Љубљана даден е предлог за именување на г. Боштјан Ковач за нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје за период за остатокот од мандатот на г. Борут Вујчич, односно до 12.9.2025 година.

Согласно член 58 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, во случај на предвремено престанување на функцијата на член на Надзорниот одбор, на првата наредна седница на Собранието на Банката се врши избор за испразнетото место за остатокот на мандатот.

Одлуката за именување на г. Боштјан Ковач за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје ќе стапи во сила по добивање согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за именување член на
Надзорен одбор.

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Објавено

на

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно