Connect with us

Останато

Бошевска [ЕБА]: Домашната законска легислатива сѐ уште не e целосно усогласена со Извештајот на ЕК

Објавено

на

Економските аспекти на објавениот извештај за Северна Македонија од страна на Европската комисија со посебен осврт на конкурентноста и развојот на пазарот денеска беа анализирани и презентирани од Европската бизнис асоцијација (ЕБА). 

Од ЕБА истакнаа дека Кластерот 2 се однесува на внатрешниот пазар и подетално разработува прашања поврзани со слободно движење на капитал, материјални добра и работна сила, право на поставување и извршување на услуги, корпоративна законска рамка, интелектуална сопственост, политика на конкурентност, финансиски услуги и заштита на потрошувачите. Додека, Кластерот 3 се однесува на конкурентноста и интегриран раст и подетално разработува прашања поврзани со оданочувањето, вработувањето, царина, економската, индустриската, монетарната, социјалната политика, наука и развој, информативно општество и медиуми, образование и култура.

Катерина Бошевска, претседателка на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија истакна дека сѐ уште не е постигнато целосно усогласување или прилагодување на нашата законска легислатива по секој од сегментите во овие кластери со соодветните ЕУ законски концепти (ЕУ acquis), како што се очекуваше или планираше.

Генералната оценка според Извештајот е дека е потребен поголем прогрес на земјата особено во следната година во областите на кластерите 2 и 3 од Извештајот со цел Македонија да ги исполни барањата на ЕУ за функционирање на внатрешните пазари на нејзините земји членки, како битен предуслов и огромна важност за развивање на заеднички регионален пазар. Нашата анализа на извештајот покажа дека со цел постигнување на горенаведеното, за овие два кластери, нашата работа треба да се насочи кон усогласување со следниве европски директиви или документи: ЕУ директивата за општа безбедност на производите, членовите 34-36 од Повелбата за функционирање на ЕУ, ЕУ директива 2005/36/ЕЦ, ЕУ 5та AML директива, ЕУ acquis за компании, сметководство и ревизија, ЕУ директива за меѓугранични спојувања, ЕУ директива за годишни финансиски сметки и поврзани извештаи, ЕУ директивите за заштита на интелектуална сопственост, ЕУ Директива за финансиско обезбедување, ЕУ Директива за конечно порамнување и ОЕЦД стандардите за размена на финансиски информации“, вели Бошевска.

Таа потенцира дека тоа подразбира и неколку нови законски решенија, како Закон за услуги, Закон за признавање на професионални квалификации, Закон за платни системи и услуги со подзаконска регулатива, Закон за сметководство, Закон за ревизија, Закон за пазари на капитал, Закон за заштита на потрошувачи, допрецизирање со подзаконски акти на Законот за општа безбедност на производите, како и нова хоризонтална стратегија за слободно движење на производите, Стратегија за акредитација и стандардизација на квалитет, Портал за електронски услуги за компаниите, Едношалтерски систем за компаниите, вклучително и регистрација, Листа на регулирани професии со образложенија и Електронски даночен систем.

Како асоцијација ќе посветиме особено внимание на главата 6 „Корпоративна законска рамка“ од кластерот 2 на Извештајот, и главите 16 „Оданочување“ и 17 „Економска и монетарна политика“ од кластерот 3, каде ќе се фокусираме на препораките на извештајот и со нашата активна работа ќе придонесеме кон нивна реализација.

Ова во главно се однесува на поставување и регулирање на правата на сопствениците на компаниите при меѓугранични спојувања и делувања на компаниите, дефинирање и примена на Код на корпоративно управување особено или најмалку за компаниите кои котираат на берзите, примена и употреба на дигитални алатки во работењето на компаниите, нова законска рамка за корпоративно сметководство со примена на меѓународните сметководствени и известувачки стандарди за сите компании на пазарот, дефинирање и усвојување на законска рамка за ревизија, постигнување целосно електронски даночен систем, оценка на стратегијата за реформа на даночниот систем и фискални мерки за поддршка на компаниите“, потенцира Бошевска.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно