Business Man
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ


Досегашниот извшрен директор на Финансиското друштво Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје, Божидар Јанковски стана сопственик на компанијата.
До промени во сопственичката структура дојде откако Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб, Хрватска му го продаде целосниот удел на Јанковски.
„Ова е исклучително признание за работата на Динерс Клуб во нашата земја. Заради одличните резултати на менаџментот на компанијата во изминатите 20 години, ја добивам оваа ретка можност како приватно лице да бидам сопственик на компанијата која продолжува да работи под франшизата на Diners Club International Ltd. Ваква соработка е вистинска реткост и потврда на фактот дека компанијата со години бележи одлични успешни резултати и раст. Со овој чекор се отвораат нови можности за натамошен, забрзан развој на ДЈнерс Клуб во нашата земја, пред сè во насока на ширење на продажната мрежа, унапредување на корисничката грижа, производите и услугите за клиентите. Дајнерс Клуб останува посветен да направи разлика, да им донесе повеќе привилегии и поволности на своите корисници. Приоритети во блиска иднина се воведување нови можности и продукти на кои веќе работиме, а целосно сме посветени и на забрзан развој на дигитализација на нашите услуги и производи”, вели Јанковски.
„Би сакале да им се заблагодариме на менаџментот и на сите вработени за плодната и конструктивна соработка во изминатите три години. Уште повеќе, силно веруваме дека Дајнерс Клуб Македонија ќе го продолжи своето успешно деловно работење на локалниот пазар и во иднина. И во таа насока веруваме во можна идна соработка со цел натамошно зајакнување на севкупната позиција на брендот на Дајнерс Клуб на регионално ниво”, смета Јурген де Руијтер, член на Управниот одбор на Ерсте Кард Клуб.
Истовремено, прв пат Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ станува директен сопственик на франшизата, со склучување франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги во сопственост на Discover Financial Services (NYSE: DFS), еден од најпознатите брендови во финансискиот сектор на САД. Со тоа Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје го презема ексклузивното право за издавање на Дајнерс Клуб картичка, како и можноста за натамошен развој и работење на брендот во Република Северна Македонија.
„Ни претставува особено задоволство што го потпишавме ова ново партнерство со менаџментот на Динерс Клуб Македонија, кои низ годините со иновации и посветеност кон своите клиенти, изградија исклучително успешно деловно работење во финансиските услуги во земјата”, изјави Мат Слоун, управен директор ЕМЕА за Discover Financial Services.
По промената на сопственоста, нема да има промени во името и седиштето на компанијата, како и во обврските на компанијата. Не се менуваат ниту договорните обврски и права на и кон клиентите и коминтентите.
Динерс Клуб Интернационал МАК, веќе 25 години работи на македонскиот пазар. Динерс Клуб е првата кредитна картичка која е достапна за корисниците во нашата земја. Од март 2017 сопственик на Динерс Клуб Македонија беше Ерсте Кард Клуб доо Загреб.
Денес, Динерс Клуб Интернационал МАК има корисничка база од над 15.000 активни корисници на пазарот во РС Македонија, богато портфолио на производи и ко-брендирани картички, 24 часовна корисничка поддршка, над 3000 продажни места во земјата, каде што може да се купува на рати.
Business Man
Ворен Бафет се приклучи во клубот на групата на најбогати луѓе со повеќе од 100 милијарди долари
Business Man
Како Илон Маск стигна до првиот милион!?


Кога заплива во менаџерските води и бизнис секторот, како млад претприемач, на 25-годишна возраст Илон Маск заедно со неговиот брат Кимбал и пријателот Грег Кири ја основаа компанијата „Zip2″, компанија којашто на медиумските куќи онлајн им продаваше градски карти (мапи) со водичи и рекламен материјал. (more…)
Business Man
ЈА ОСТВАРИ ПОСАКУВАНАТА ЦЕЛ – Илон Маск стана најбогатиот човек во светот!


Илон Маск стана најбогатиот човек во светот, а неговото богатство надминува 185 милијарди долари, објави „BBC”. (more…)
- Анализипред 3 days
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 4 weeks
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 5 days
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 1 month
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Кредитипред 2 months
Поволни онлајн кредити без скриени трошоци
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите