Connect with us

НБРМ

Богов: Падот на еврото нема да влијае врз вредноста на депозитите и кредитите во евра

Објавено

на

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека номиналната вредност на штедните влогови или кредити во евра или со клаузула во евра останува иста и не зависи од промената на односите на еврото со трети валути, на пример американскиот долар или швајцарскиот франк.

 

Поради фиксниот курс на денарот во однос на еврото, промените на вредноста на еврото во однос на другите светски валути нема никаков ефект врз имателите на девизни кредити и кредити со девизна клаузула во евра во Македонија. За оние пак, кои имаат кредити во друга валута, како на пример во долари или франци, моменталните движења се неповолни и тие губат.

Но, застапеноста на кредити во овие валути во Македонија е многу ниска.

– Република Македонија главно извезува во еврозоната и не се очекува значителна промена на пазарниот удел на нашите извозници. Можно е извесно зголемување на извозот доколку одредени субјекти во еврозоната проценат дека им е поисплатливо одредени стоки и услуги, кои дотогаш ги купувале од земји надвор од еврозоната или надвор од земјите чии валути се врзани за еврото, да почнат да ги купуваат од еврозоната или од оние земји чии валути се врзани за еврото.

Дополнително, можно е и извесно зголемување на пазарниот удел на нашиот извоз во земјите со кои надворешнотрговската размена е во долари, поради зголемената конкурентност, вели Богов.

Повеќе

НБРМ

Објавен конкурсот за учениците по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Известување за 30. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Централна Банка

Ве известуваме дека на 30. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 26 септември 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • „Финансирање на малите и средните претпријатија преку банкарскиот сектор во Република Македонија ‒ резултати од анкетно истражување“,  од авторите Тања Јакимова и Неда Поповска-Камнар и
  • „Трансмисискиот механизам на монетарната политика во Македонија преку каналот на преземање ризици: наоди од податоците од Кредитниот регистар“, од авторите Мите Митески, Ана Митреска и Михајло Васков.

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Продолжи со читање

НБРМ

Редовна аукција за продажба на благајнички записи

Објавено

на

На 12 септември 2018 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 2,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 октомври 2018 година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange