Останато
Богатството на Марк Зукерберг достигна 100 милијарди долари


Богатството на основачот на „Facebook“, Марк Зукерберг, достигна вредност од над 100 милијарди долари откога социјалната мрежа почна со нова услуга за кратки видеа, пренесува „BBC”.
Компанијата пред два дена во САД ја промовираше „Instagram Reels“, апликација конкурентна на контроверзната кинеска апликација „TikTok“.
Акциите на „Facebook“ се зголемија за повеќе од 6 проценти, а уделот на Зукерберг е 13%.
Во клубот на милијардери со имот над 100 милијарди долари, Зукерберг им се приклучи на основачот на „Amazon“, Џеф Безос и Бил Гејтс на „Microsoft“.
Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа поради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.
„Facebook“, „Amazon“, „Apple“ и „Google“ се меѓу најголемите победници од карантинот поради пандемијата на коронавирусот бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку интернет.
Богатството на Зукерберг се зголеми повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а богатството на Џеф Безос се зголеми за повеќе од 75 милијарди долари, според податоците на „Bloomberg“.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје