Connect with us

Business Man

Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари

Објавено

на

Богатството на американскиот претприемач и милијардер Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна нето вредност од 304,2 милијарди долари. Растот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија „Tesla”. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието „Forbes“.

На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога првпат во историјата неговото богатство надмина 300 милијарди долари.

Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на „Tesla”. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата со она на неговиот најблизок ривал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании „LVMH” (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар Арно, чие богатство изнесува 200,6 милијарди долари.

Акциите на „Tesla” поскапеа на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, за 13,53 проценти, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.

Компанијата на Маск испорача 936.172 електрични возила на клиенти, што е зголемување од 87 проценти во споредба со 2020 година.

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Објавено

на

Фото: a1on.mk

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно