Домашни банки
Бобан Гоговски и Златко Черепналкоски именувани за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.
„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза на хартии од вредност ТТК Банка АД Скопје известува дека со Решенија на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија од 24.11.2022 година е издадена претходна согласност за именување на Бобан Гоговски и Златко Черепналкоски за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, во согласност со Одлуката за именување на членови на Надзорниот одбор донесена од страна на Собранието на акционери на Банката” – се вели во соопштението на ТТК Банка АД Скопје.
Во моментов, Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје го сочинуваат:
- Бобан Гоговски –Член на Надзорен одбор
- Борислав Трповски – Член на Надзорен одбор
- д-р Арсен Јаневски – Член на Надзорен одбор
- Трим Ќемали –Член на Надзорен одбор
- Владо Камбовски –Член на Надзорен одбор
- Драгица Јовановска –Член на Надзорен одбор
- Златко Черепналкоски –Член на Надзорен одбор
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје