Connect with us

Останато

Блокирани сметките на илјадници граѓани од страна на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните доставила приближно 14.000 решенија за присилна наплата, најголем број од нив за сообраќајни прекршоци изречени од страна на Министерството за внатрешни работи за сторен сообраќаен прекршок, Министерството за транспорт и врски и други државни органи.

Половина од нив, или приближно 7.000 граѓани добија блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3.000 денари, со што уште еднаш УЈП удри по најранливата категорија на луѓе во Македонија.

Останатите, околу 7.000 граѓани, добиле решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи за казни од МВР, судовите, МТВ и други, во висина од 100 до 500 евра.

Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се инкасираат повеќе од 2 милиони евра, пари од џебот на граѓаните.

По основ на глоби изречени од МВР, МТВ и други државни органи се блокират неосновано голем број на граѓани – спротивно на чл.42 од Закон за прекршоци кој ја регулира застареноста на делото.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно