Connect with us

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија.

За својата солидарност и општествена одговорност, Комерцијална банка се стекна со Благодарница од Црвениот крст за донацијата на 6.000.000 денари во првите денови по земјотресите, кога на населението му беше потребна најитна помош. Со овие средства, донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, Банката помогна да се обезбедат неопходни намирници и средства за преживеаните жители во настраданите подрачја.

„Никој подобро не може да го разбере страдањето на погодените од катастрофалниот земјотрес од население кое било погодено од сличен земјотрес. Како што по Скопскиот земјотрес во 1963 година некој нас ни подал рака кога ни било најтешко, така и ние веруваме во емпатијата, солидарноста и потребата за човечност во најтешките моменти. Трагедијата и болката на турскиот и на сирискиот народ, за жал, се неизмерни и ненадоместливи. Ние длабоко сочуствуваме со луѓето во настраданите подрачја од разорните земјотреси. Се надеваме дека донацијата на Комерцијална банка од 6.000.000 денари во првите денови после земјотресот помогна барем малку да го ублажиме страдањето на тие луѓе“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, по повод признанието.

Благодарницата за истакнато донаторство ѝ беше доделена на Комерцијална банка на одбележувањето на Денот на основањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, 17 март.

Комерцијална банка останува посветена на својата грижа и помагање на заедницата и на ранливите категории граѓани со цел подобри услови и поквалитетен живот за сите.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно