Connect with us

Домашни банки

Бишев: Правилата на игра поставени од регулаторот важат за сите банки

Објавено

на

„Банкарскиот систем е стабилен, има капацитет да ја поддржи економската обнова по ефективното управување со ковид-кризата и ќе биде еден од основните столбови на економскиот раст на земјата”, порача Глигор Бишев во отворената програма на Телевизија 24.

Тој истакна дека за здрав банкарски сектор, потребни се три столба: пазарна дисциплина и транспарентност, регулаторни стандарди и супервизор што кај нас е Народната банка и третиот столб – соодветни корпоративни стандарди и процедури во секоја деловна банка одделно.

Осврнувајќи се на важноста од пазарната дисциплина, Бишев посочи дека таа подразбира деловните банки и да даваат информации на јавноста, вклучително и преку објави на годишни извештаи и ревидирани стандарди на своите веб-страници.

„Банките работат по пазарни принципи, сопственоста е приватна, но за разлика од другата индустрија, тие работат и со туѓи средства – депозитите на граѓаните и на компаниите”, нагласи Бишев во студиото на Телевизија 24.

Централната банка, како што посочи тој, пропишува стандарди во коишто се имплементирани најдобрите светски банкарски практики. Според Бишев, Народната банка ги следи правилата и најдобрите практики објавени од Комитетот за банкарска супервизија на Банката за меѓународни порамнувања, до коишто треба да се придржуваат сите централни банки во светот.

„Ако деловна банка ги следи тие правила пропишани од централната банка, веројатноста e многу мала да биде изложена на ексцесивен ризик и да банкротира.”, вели Бишев.

Акционерите, односно корпоративното управување на секоја банка, како што рече Бишев, поставува и свои стандарди, коишто по правило се многу повисоки од минималните што ги бара регулаторот.

Тој посочи дека ако банка сака да расте преку зголемување на кредитното портфолио, мора и да го зголемува својот капитал со дополнителни вложувања.

„Ако банка на пр. треба да има 15% капитал, а има пласирано 100 милиони евра во кредити, значи дека треба да има 15 милиони евра капитал. Меѓутоа, ако сака да ги зголеми кредитите за 10 милиони евра, мора да има 1,5 милиони евра дополнителен капитал. А тоа значи ако достигне ниво на кредити од 110 милиони евра, мора да има 16,5 милиони евра капитал”, појасни Бишев.

Тој истакна дека правилата за игра поставени од регулаторот се однесуваат за сите.

„Ако банка сака да расте, а нема доволно капитал, не може да каже дека ќе го прекрши пропишаното од Народна банка на пр. 15%, па ќе падне на 13% и ќе стигне до 110 милиони евра кредитен раст. Или обратно – да направи загуба, лоши пласмани и да не вложи дополнителен капитал…”, посочи првиот човек на Шпаркасе, при што нагласи дека регулаторот не може да толерира ако банка го прекршува пропишаното.

Во емисијата, меѓу другото, Бишев истакна дека во првото полугодие, кредитниот раст на банкарскиот систем е 6,6%, во услови кога во вториот квартал имаше пад на БДП од 12,7%. Со кредитната поддршка, според Бишев, и покрај намалената економска активност, банките излегоа во пресрет на потребите на компаниите, имајќи ја предвид објективната причина – ефектите од пандемијата.

„Во целина, сите показатели укажуваат на тоа дека банките се стабилни. Тие се фундамент на економијата и профитите што ги генерираат се уште еден фактор кој покажува дека зборуваме за здраво банкарско јадро. Во период на криза, банките одобруваат и кредити на фирми кои беа погодени од кризата, но ние ги гледавме нивните биланси за работењето во календарската 2019 година, кога економска криза немаше, и врз основа на тоа одлучивме дека фирми кои сега се во незавидна состојба, сепак треба да бидат поддржани од банките и затоа направивме одредени отстапки”, изјави Бишев.

За ТВ 24 тој истакна дека во завршница е и процесот на второто одложување на кредитите, но дека во однос на претходното одложување, сега значајно е намален бројот на граѓани што бараат ново.

Најголемиот дел од банките, како што посочи Бишев, веќе го завршија процесот минатата недела, а мал дел тоа ќе го направат овие денови. Во однос на претходното одложување, според Бишев, сега значајно е намален бројот на граѓани што бараат ново.

Бишев појасни дека првото одложување беше на голема основа, затоа што се случи нешто што сите нѐ изненади – пандемијата на ковид-19, којашто го поремети живеењето.

„Затоа, секому, особено кај граѓаните, независно дали останал или не останал без работа и независно дали му се намалил или не му се намалил доходот му се понуди одложување на наплатата на кредитот. Сега доаѓаме во ситуација кога треба да го нормализираме живеењето во услови на вирус, ефективно да управуваме со него и што е можно повеќе да ја обавуваме економската активност и да се вратиме во нормала. Во такви услови, банкарската индустрија не може да ја повтори истата понуда како пред шест-седум месеци кога сите бевме затечени. Прифаќаме да бидеме солидарни, меѓутоа за оние коишто навистина или останале без работа или чие семејство има доход намален за повеќе од 10%, а оние коишто редовно работат и немаат намалување на доходот ќе треба да почнат со отплата на кредитите како и пред кризата”, појасни првиот човек на Шпаркасе.

Но, притоа, во студиото на Телевизија 24, Бишев и напомена: Секако, никој од нас не може да предвиди што ќе се случува во декември или во март догодина. Сите ќе ја следиме состојбата и зависно од движењата би се прилагодувале.

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје прва банка од регионот која се вклучува на глобалната коалиција „Прајслес Планет“ (Priceless Planet) на Mastercard за зачувување на животната средина

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, како компанија чија стратегија за општествено одговорно делување се темели на подигнување на еколошката свест, од 20 октомври склучува партнерство со големата глобална иницијатива на Mastercard, наречена „Прајслес Планет“ (Priceless Planet), чија цел е преку својата широка коалиција да обедини повеќе бизниси и потрошувачи од целиот свет за поддршка во засадување 100 милиони дрвја, но и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. (more…)

Продолжи со читање

Популарно