Connect with us

Колумни

Битно да е кредит, условите не се битни!

Објавено

на

Работите најчесто ги правиме без да размислиме за последиците од нив, воопшто не се прашуваме себеси дали сме можеле да донесеме подобра одлука или да направиме подобар избор. Не сакаме да се впуштиме во потрага по најдобрата понуда на пазарот, да анализираме и споредуваме – а, за жал тоа е така и кога аплицираме за кредит (без разлика дали е потрошувачки, станбен, автомобилски, итн).

Не донесувајте избрзани одлуки. Кога ни требаат пари донесуваме импулсивни одлуки кои најчесто се погрешни, затоа што ако се размисли и анализира подобро, можеби ќе изгубиме некој ден или недела – но на долг рок ќе заштедиме солидна сума на пари благодарение на подобрата понуда која на крајот ќе ја одбереме. Еве да претпоставиме дека ни требаат 600.000 МКД и сме решиле да аплицираме за кредит. Што најчесто правиме? ГРЕШКА! Зошто? Затоа што не го анализираме пазарот – туку по обичај одиме во банката каде што примаме плата и аплицираме за кредитот, без разлика дали пазарот нуди подобра опција или не.

Консултирајте се со роднини/пријатели. Дали некогаш сте се консултирале со некој близок кој аплицирал за кредит, претходно изработувајќи целосна анализа на постоечката понуда на пазарот во Македонија? Консултација со “искусни” банкарски клиенти кои веќе го поминале процесот на задолжување секогаш може да ви биде од полза. Оној што го анализирал пазарот има познавања за висината на каматните стапки, дополнително е запознаен и со скриени трошоци со кои ќе се соочите, а можеби и можете да ги избегнете доколку на крајот ја одберете најповолната понуда.

Барајте поволни услови. Ако сте клиент на истата банка со години и кога аплицирате за кредит не барате повластени услови тогаш самите сте виновни за финансиската состојба во која се наоѓате. Не се двоумете од вашата банка да побарате подобри услови затоа што 20 години сте клиент и ним им ги имате доверено вашите финансии. Секогаш постои можност да се “договорите” каматната стапка да биде за некој процентен поен пониска, можеби да добиете кредитна картичка без трошоци, патничко осигурување, гратис продукти од банката, итн.

Бидете искрени со референтот. Колку често на референтот во банка целосно сте му се “отвориле” да му ги кажете сите потреби, но, и проблеми со кои се соочувате за да може да ви креира идеален производ или комбинација од производи кои буквално прилегаат на вашите потреби. Многу ретко, затоа што егото ни е побитно од доброто финансиско решение и заштедата при изборот на кредит. Кога одлучуваш да земеш кредит, одбираш банка – партнер со која ќе бидеш подолго време…можеби 5, а можеби и 25 години. Затоа, подобро кажете се на почетокот кога аплицирате, затоа што вашиот банкар низ годините додека сте негов клиент ќе ја научи секоја ситница поврзана со вас и вашата финансиска состојба. Не заборавајте дека речиси секоја трансакција оди преку банка така што директно или индиректно вашата банка – партнер знае каде сакате да трошите пари. Банката знае дали користите кеш или картица, дали плаќате на ПОС или онлине, во Македонија или странство, каде патувате, кој ви се омилени места за шопинг, кафуле, итн…

Не се залетувајте со месечната рата. Секој од нас сака што побрзо да го отплати кредитот, но во животниот век ќе се соочите со огромен број непредвидени работи кои предизвикуваат непланирани трошоци…некои од нив за убави, некои за лоши работи. Затоа, подобро месечната рата да биде помала но сигурно да можете да ја плаќате без проблем, отколку да си имате работа со повици од банка, адвокати, извршители, итн. Ниту една банка не прави проблем ако уплаќате повеќе од ратата според амортизационен план, проблемите се јавуваат кога се плаќа помалку од предвидената месечна рата.

п.с. Ви нудиме мала помош со цел да ја утврдите најдобрата понуда за потрошувачки кредит во Македонија. Банкарство од неодамна нуди можност со само еден клик да ги споредите понудите од сите 14 банки во Македонија. Се што треба да направите е да ја посетите веб страната http://krediti.bankarstvo.mk/credit-type/potrosuvacki и да го направите вистинскиот избор!

До следната колумна…

(Филип)

Колумни

Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Објавено

на

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Дали комбинирањето на одговорните лица за спречување перење пари и анти – измама ќе даде подобри резултати?

Објавено

на

Кога станува збор за борбата против измамите и перењето пари, врската меѓу двете е критична бидејќи измамниците работат на изнаоѓање начин да ги легитимизираат нивните недозволени средства. Измамата е кривично дело и е главно дело (овие кривични дела често се основниот извор на перење пари). Приходите од криминални активности поврзани со измама треба да се “перат”, така што “перењето” пари често следи веднаш по појавата на измама. Обично, по успешна активност на перење пари, измамниците добиваат непосреден пристап до средствата и ги прикриваат приходите, правејќи ги да изгледаат автентични. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Нивото на финансиска писменост е суштински индикатор за способноста на луѓето да донесуваат финансиски одлуки

Објавено

на

Денес сите ние треба да бидеме поодговорни за своите лични финансии од кога било досега. Системите за пензиско осигурување и социјална помош се во една тешка и напната позиција, што особено се комплицира со зголемувањето на животниот век на населението. Финансиските пазари брзо се менуваат, технологијата, новите и посложени финансиски производи стануваат наше секојдневие. Опсегот на финансиски производи од кои луѓето треба да избираат е многу различен од она што беше во минатото: хипотеки, кредитни картички, инвестициски фондови, заеднички вложувања и ануитети, а одлуките поврзани со овие финансиски производи имаат импликации за индивидуалната благосостојба. (more…)

Продолжи со читање


Популарно