Connect with us

Лични финансии

Битно да е кредит, условите не се битни!

Објавено

на

Работите најчесто ги правиме без да размислиме за последиците од нив, воопшто не се прашуваме себеси дали сме можеле да донесеме подобра одлука или да направиме подобар избор. Не сакаме да се впуштиме во потрага по најдобрата понуда на пазарот, да анализираме и споредуваме – а, за жал тоа е така и кога аплицираме за кредит (без разлика дали е потрошувачки, станбен, автомобилски, итн).

Не донесувајте избрзани одлуки. Кога ни требаат пари донесуваме импулсивни одлуки кои најчесто се погрешни, затоа што ако се размисли и анализира подобро, можеби ќе изгубиме некој ден или недела – но на долг рок ќе заштедиме солидна сума на пари благодарение на подобрата понуда која на крајот ќе ја одбереме. Еве да претпоставиме дека ни требаат 600.000 МКД и сме решиле да аплицираме за кредит. Што најчесто правиме? ГРЕШКА! Зошто? Затоа што не го анализираме пазарот – туку по обичај одиме во банката каде што примаме плата и аплицираме за кредитот, без разлика дали пазарот нуди подобра опција или не.

Консултирајте се со роднини/пријатели. Дали некогаш сте се консултирале со некој близок кој аплицирал за кредит, претходно изработувајќи целосна анализа на постоечката понуда на пазарот во Македонија? Консултација со “искусни” банкарски клиенти кои веќе го поминале процесот на задолжување секогаш може да ви биде од полза. Оној што го анализирал пазарот има познавања за висината на каматните стапки, дополнително е запознаен и со скриени трошоци со кои ќе се соочите, а можеби и можете да ги избегнете доколку на крајот ја одберете најповолната понуда.

Барајте поволни услови. Ако сте клиент на истата банка со години и кога аплицирате за кредит не барате повластени услови тогаш самите сте виновни за финансиската состојба во која се наоѓате. Не се двоумете од вашата банка да побарате подобри услови затоа што 20 години сте клиент и ним им ги имате доверено вашите финансии. Секогаш постои можност да се “договорите” каматната стапка да биде за некој процентен поен пониска, можеби да добиете кредитна картичка без трошоци, патничко осигурување, гратис продукти од банката, итн.

Бидете искрени со референтот. Колку често на референтот во банка целосно сте му се “отвориле” да му ги кажете сите потреби, но, и проблеми со кои се соочувате за да може да ви креира идеален производ или комбинација од производи кои буквално прилегаат на вашите потреби. Многу ретко, затоа што егото ни е побитно од доброто финансиско решение и заштедата при изборот на кредит. Кога одлучуваш да земеш кредит, одбираш банка – партнер со која ќе бидеш подолго време…можеби 5, а можеби и 25 години. Затоа, подобро кажете се на почетокот кога аплицирате, затоа што вашиот банкар низ годините додека сте негов клиент ќе ја научи секоја ситница поврзана со вас и вашата финансиска состојба. Не заборавајте дека речиси секоја трансакција оди преку банка така што директно или индиректно вашата банка – партнер знае каде сакате да трошите пари. Банката знае дали користите кеш или картица, дали плаќате на ПОС или онлине, во Македонија или странство, каде патувате, кој ви се омилени места за шопинг, кафуле, итн…

Не се залетувајте со месечната рата. Секој од нас сака што побрзо да го отплати кредитот, но во животниот век ќе се соочите со огромен број непредвидени работи кои предизвикуваат непланирани трошоци…некои од нив за убави, некои за лоши работи. Затоа, подобро месечната рата да биде помала но сигурно да можете да ја плаќате без проблем, отколку да си имате работа со повици од банка, адвокати, извршители, итн. Ниту една банка не прави проблем ако уплаќате повеќе од ратата според амортизационен план, проблемите се јавуваат кога се плаќа помалку од предвидената месечна рата.

Лични финансии

Финансиски совети од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

Објавено

на

Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста на инвестициите. Сепак, глобалната пандемија налага детално и одговорно планирање на финансиите, со цел оваа (досега) краткорочна криза да не се претвори во долготраен финансиски проблем. Од таа причина, Институтот за ревизија на РМ издвои неколку совети кои би можеле да ви помогнат во невообичаениот период низ кој сите ние поминуваме. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 совети за вашиот бизнис од Џек Ма

Објавено

на

Џек Ма има нето вредност од 40 милијарди долари. Тој го трансформираше B2B пазарот со тоа што ја создаде најголемата B2B платформа во светот, Алибаба. Во слободно време тој е life & business coach. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Неопходен е избалансиран пристап кон инвестициите, со поголема изложеност кон индустриите кои подобро ја преживеале кризата

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно