Криптовалути
Биткоинот ќе го помине нивото од 60.000 долари!?


Позитивната низа на биткоинот во текот на вчерашниот ден „се протегаше“ седми ден по ред. Некои аналитичари очекуваат биткоинот за прв пат да го надмине нивото од 60.000 американски долари.
Најпопуларната криптовалута вчера вредеше повеќе од 56.840 долари, а со тоа се приближи многу блиску до рекордната вредност од 58.332 долари.
Овој пат, инвеститорите вложуваат во биткоин првенствено за да се заштитат од очекуваната инфлација во иднина, и покрај фактот дека сè уште нема причина за прекумерна загриженост за зголемување на цените.
За растот на биткоинот секако допринесоа охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на „Goldman Sachs” за најпопуларната криптовалута.
Во очите на инвеститорите, тоа е дигитално злато, заштита од сите ексцеси кое неизбежно ќе предизвика диво печатење пари насочено од централните банки, тоа е, пред сè, висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.
Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот значително ја зголеми проценката на стапката на инфлација за еврозоната оваа година и објави побрзо темпо на купување на средства следниот квартал за да обезбеди поволни услови за финансирање на економијата.
Оваа година, ЕЦБ очекува инфлација од 1,5 процент, во споредба со 1,0 процентен поен предвидени во извештајот од декември 2020 година.
Потсетувајќи дека инфлацијата во еврозоната беше 0,9 проценти во јануари и февруари, по минус 0,3 проценти во последниот месец од минатата година, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард го препиша забрзаниот раст на цените на почетокот на годината на привремени фактори и повисоки цени на енергијата.
Криптовалути
МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути


Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)
Криптовалути
Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст


Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)
Криптовалути
Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје