Connect with us

Криптовалути

Биткоинот формира повеќе од 50% од криптопазарот за прв пат оваа година

Објавено

на

Биткоинот оформува над 50% од пазарната капитализација на криптопазарот за прв пат во оваа 2018-та година.

За последен пат тоа се случи на крајот на декември 2017-та година, кога виртуелната валута поскапе рекордно до цена од речиси 20.000 долари.

Преминувањето на границата од 50% се случи викендов, а во времето на подготовка на материјалот биткоинот зазема 51.2% од вкупната пазарна капитализација на криптопазарот кој изнесува 218 милијарди долари.

За споредба, пазарната капитализација на биткоинот достигнува 111.8 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

Статистиката покажува дека доминацијата на биткоинот полека но сигурно се подига во последните неколку месеци, како во однос на први мај оваа година забележан раст од околу 15%. Во исто време, доминацијата на пазарот на сите други криптовалути се намалува.

Едно од можните објаснувања за раст на биткоин доминацијата на криптопазарот се финансиските катаклизми ширум светот – од Венецуела до Турција, кои провоцираат многу инвеститори да бараат нерегулирани алтернативи на девизните пазари, сметаат експертите.

Биткоинот денеска се тргува по цена од 6.485 долари.

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Amazon влегува во светот на Етереум!

Објавено

на

Kaleido , старт ап кој има за цел да им помогне на претпријатијата да имплементираат блокчејн технологија, започна нова платформа во соработка со Amazon Web Services (AWS). Kaleido Marketplace ќе обезбеди алатки и протоколи за сите компоненти на новите блокчејни проекти “од апликацијата до патот до синџирот”, изјави за Форбс основачот и извршен директор Стив Цервени. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Што не очекува во 2019 година во светот на криптовалутите и блокчејн технологијата?

Објавено

на

Оваа година е обележана со значителен напредок во технологијата во финансискиот сектор, но исто така и распространета неизвесност поради голем број политички фактори, вклучувајќи Брегзит и среднорочни избори во САД. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange