Криптовалути
Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци


Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април.
Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари.
Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари.
Американската комисија за хартии од вредност е подготвена да дозволи првиот американски биткоин ЕТФ (Пасивен трговски фонд) да започне со тргување следната недела, објави „Bloomberg“.
Бен Каселин, раководител за истражување и стратегија на азиската берза за криптовалути, рече дека скокот на биткоинот над 59.000 долари не е произволен и дека долгорочните инвеститори го акумулираат веќе некое време.
„Се очекува да се постигне значителен напредок околу американскиот Биткоин ЕТФ во четвртиот квартал”, рече Каселин.
Тој додаде дека денешните настани се поттикнати и од твитот од Канцеларијата за едукација на инвеститори СЕЦ.
„Пред да инвестирате во фонд кој има термински договори за биткоин, внимателно проучете ги потенцијалните ризици и придобивки”, се вели во соопштението на СЕЦ.
Претседателот на СЕЦ, Гери Генслер претходно изјави дека пазарот на криптовалути вклучува многу учесници кои можат да бидат нерегистрирани хартии од вредност и ги остава цените отворени за манипулација, а милиони инвеститори осетливи на ризик.
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
Криптовалути
МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути


Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)
Криптовалути
Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст


Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје