Connect with us

Криптовалути

Биткоинот порасна за 6%, а со тоа го повлече нагоре цел крипто пазар

Објавено

на

Цената на биткоинот порасна за повеќе од 6 проценти на 44.500 долари, покажуваат податоците на порталот „Coinmarketcap“, што е негово највисоко ниво од 5 јануари кога се тргуваше за 47.013 долари.

Најголемата криптовалута во светот по пазарна капитализација се тргуваше за 44,796.19 долари, што е раст од 16,54% во последниве 7 дена.

Растот на вредноста на биткоинот започна во петокот, по објавувањето на силните јануарски податоци за вработеноста во САД, кои значително ги надминаа очекувањата.

Вредноста на биткоинот е повеќе од кога било под притисок на различни шпекулации за идното економско движење на САД, поради што новите институционални инвеститори го третираат како ризично средство. Сепак, сè уште нема консензус за тоа како најдобро да се процени вредноста на биткоинот.

Оваа дигитална валута, исто така, го следи растот на цените на акциите на Волстрит, каде што главните берзански индекси остварија големи добивки минатата недела.

Сепак, пазарните експерти не го земаат здраво за готово последниот скок на вредноста на биткоинот, особено откако минатиот месец двапати падна под нивото од 40.000 долари.

Но, со растот на биткоинот, порасна и цел крипто пазар, а имаше некои крипто валути кои достигнаа раст и за повеќе од 50%.

Дали ова е враќање на криптовалутите кон нивото од ноември кога достигнаа рекордна вредност или повторно следи пад на вредноста останува да видиме во периодот што претстои.

Криптовалути

Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали

Објавено

на

Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година

Објавено

на

Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини

Објавено

на

„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно