Connect with us

Криптовалути

Биткоинот повторно јакне

Објавено

на

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат. Биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, според анализата на Блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1%, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8% во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30% пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Криптовалути

Лудиот пад на биткоинот продолжува, заедно со другите криптовалути

Објавено

на

Според експертите, зад големиот пад што започна во средата, не постои очигледен катализатор, а единствената теорија која би можела да објасни остриот пад на вредноста е воведувањето на процесот на регистрација на популарната размена на биткоини на ShaceShift која ги исплаши корисниците.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Турција со најмногу сопственици на биткоин

Објавено

на

Лани во декември, еден биткоин се проценуваше на вредност од речиси 20.000 долари. До крајот на јули годинава, цената на дигиталната валута изнесуваше нешто повеќе од 8.000 долари. Моментално цената на еден биткоин е нешто под 7.000 долари.

Според едно истражување во август 2018 година, учествувале вкупно 14.828 испитаници од 15 држави. Испитаниците на прашањето дали поседуваат биткоини, одговарале исклучиво со “да„ или “не„.

Турција е државата со најголем број сопственици на биткоини. Поточно 18% од испитаниците во Турција поседуваат биткоин.

После неа следи Романија со 12%, Полска со 11%, Шпанија со 10% и Чешка со 9%. Холандија и Австралија со 7% и Британија и Франција со 6%.

Првите очекувања на истражувачите биле дека биткоинот најзастапен ќе биде во Соединетите Американски Држави. Но, само 8% од испитаниците поседуваат биткоин. Исто како и во Австрија, Германија и Италија.

Холандија и Австралија со 7% и Британија и Франција со 6%. После нив се наоѓа Белгија со 5%. Најмал процент има во Луксембург со 4%.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно доживеа пад

Објавено

на

Откако минатата недела вредноста на криптовалутите стабилно растеше, вчера за само еден час вредноста на биткоинот падна за 300 долари. Други валути кои доживеаа пад се етереум и рипл. Утрово, биткоинот доживеа пад од цели 1000 долари.

Додека вредноста на биткоин падна за 12%, тој не беше најсилно погоден од ненадејниот пад. Вредноста на етереумот и рипл, како и биткоин кеш и ЕОС паднаа за 20%.

„Цената на биткоинот расте во последните неколку месеци, но ако сум на ваше место би бил претпазлив со инвестирањето во оваа криптовалута. Може да бидеме оптимисти за она што е пред нас бидејќи има многу добри вести за развојот на биткоинот, но ќе треба да помине уште некое време за сите тие промени да влијаат на вредноста“, вели Оливер Ајзакс, експерт во полето на криптовалутите.

Кон крајот на минатата година вредноста на биткоинот порасна до 20.000 долари за еден токен, но во 2018 година работите не се толку сјајни, иако цената на оваа криптовалута се стабилизираше на околу 7.000 долари за токен.

 

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange