Connect with us

Криптовалути

Биткоинот може „многу лесно“ да достигне вредност од 50.000 долари во 2020 година

Објавено

на

Биткоин (BTC) може „многу лесно“ да достигне вредност од 50.000 долари во 2020 година, изјави за медиумите еден извршен директор на компанија која тргува со криптовалути.

Антониј Тренчев, раководител на платформата за позајмување на биткоини Nexo.io, рече дека растот на цената на биткоинот уште од неговото основање е сосема различен од сè што било видено досега.

„Тоа е неверојатна алатка која не е поврзана со целокупниот пазар“, рече Тренчев.

Тој додаде дека патувањето на биткоинот до 20.000 американски долари потсетува на германската хиперинфлација по Втората светска војна.

„Донесува систематски асиметрични приноси и единствено што видовме слично на ова беше порастот на американскиот долар во однос на германската марка во 20-тите години на минатиот век“, додаде Тренчев.

На прашањето колку може да порасне биткоинот во однос на вредноста на доларот оваа година, Тренчев предвиде до 50.000 долари.

Тој коментираше дека во петокот биткоинот започна да расте во однос на доларот и покрај низата неодамнешни предупредувања дека падот на цените на криптовалутите ќе продолжи.

Според Cointelegraph, падот следувал по повторната геополитичка неизвесност откако американскиот претседател Доналд Трамп наредил напад, во кој е убиен еден висок ирански генерал во ирачката престолнина Багдад.

Сепак, долгорочните анализи  и понатаму предвидуваат дека биткоинот е во опаѓање пред да се искачи нагоре. Преполовувањето, што многу инвеститори долго време го очекуваат, треба да го катализира пресвртот, велат аналитичарите.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно