Connect with us

Криптовалути

Биткоинот лансиран во вселената!?

Објавено

на

Американската компанија SpaceChain беше отворена во 2017 година со мисија за спојување на вселенската со блокчејн технологијата, со цел да се стартува првата светска отворена сателитска мрежа која ќе се заснова на блокчејн технологија.

Откако (или ако) оваа цел биде исполнета, на корисниците ќе им биде овозможено да развиваат и да управуваат со децентрализирани безбедни апликации – и тоа во вселената. Ова ќе ја направи платформата достапна за секого и безбедна од хакирање, пишува Bug.

Како дел од остварувањето на тој сон, оваа компанија минатата недела испрати ракета „Falcon 9“ и товарна капсула „Dragon“ до Меѓународната вселенска станица со првиот блокчејн хардвер наменет за користење во во Земјината орбита. Станува збор за хардверски биткоин паричник со тежина од околу еден килограм, кој ќе се инсталира и стартува на ISS, каде ќе работи како „јазол“ во рамките на мрежата на биткоин.

Ова ќе биде првпат да се најде одредена блокчејн технологија на Меѓународната вселенска станица. Таму, според SpaceChain, овој биткоин паричник ќе биде целосно независен од надлежноста на која било земја и физички недостапен за хакерите кои се обиделе да го компромитираат. На крајот на краиштата, што поголем број на слични „јазли“ на биткоин паричници бидат лансирани во орбитата, ќе се овозможат посигурни трансакции со криптовалути на Земјата.

На ISS ќе работи околу една година, користејќи го локалниот (бавен и скап) пренос на податоци, како би се авторизирала трансакцијата. Самата бавноста на работата ќе му даде дополнителна сигурност бидејќи дополнителното време поминато за обработка на трансакциите ќе се користи за откривање на сомнителна активност. Проектот за вселенскиот блокчејн чини 60.000 евра, а неодамна беше поддржан од Европската вселенска агенција.

Криптовалути

Централните банки ги испитуваат ефектите од можно воведување на дигитални валути

Објавено

на

Најголемите светски централни банки се здружија со цел да истражат дали е неопходно да се издадат криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Како банкарската крипто револуција ќе дојде од Швајцарија?

Објавено

на

Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за чување и управување со личното богатство се повеќе ќе се насочува кон употреба на криптовалута како нов и модерен начин за задржување на приватноста на корисникот.

Водејќи се од таа помисла новата банка SEBA Bank AG до седиште во Цирих и глобални лиценци ги истакна своите амбиции за употреба на криптовалутите.

Една од главните услуги на SEBA Bank AG е издавањето на дебитна картичка која благодарение на напреден софтвер може да прави плаќања и во традиционални валути и во модерни како биткоин и инстантно да ја направи конверзијата.

Со истата картичка на SEBA покрај мобилни плаќања и трансфери може да се прават трансакции за тргување на повеќе криптоберзи на кои се менуваат вредностите на различни финансиски продукти и криптодеривати.

Визијата на основачот Гидо Булер ја споделуваат и голем број на ангел инвеститори бидејќи досега неговата банка има собрано 100 милиони франци финансирање за само 2 месеци.

Швајцарија се повеќе развива позитивна крипто клима. Falcon Group во изминатите три години веќе овозможува управување со биткоин средства за корисниците.

Швајцарскиот стартап Bitcoin Suisse  исто така аплицираше за глобална лиценца во Швајцарија со што ќе може да работи од комерцијално банкарство, до чување на валути и понуда на крипто услуги.

Предностите на крипто банките кои се во самиот зачеток е брзината на отворање на сметка, издавање на дебитна картичка и бројни бенефиции во делот на приватноста и ефикасноста во тргувањето со криптодеривати.

Според Булер овие предности се повеќе ќе ги привлекуваат инвеститорите кои сакаат да го избегнат физичкиот ризик од располагање со криптовалутите, нивно чување и управување.

Визијата на швајцарските крипто банкари е нивните услуги да се пренесат и кон генералното население со поголемата употреба на криптовалутите, наместо како сега на помала група на инвеститори и иноватори.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот е непроценлив како валута

Објавено

на

Вреднувањето на биткоинот дека претставува криптовалута која е непроценлива е многу важен атрибут, особено во земји како Аргентина и други каде во моментов расте интересот за признавање и воведување на криптовалутите како платежно средство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно