Connect with us

Криптовалути

Биткоинот има капитализација поголема од Mastercard и Visa заедно!

Објавено

на

Пазарната капитализација на најпознатата криптовалута биткоинот изнесува повеќе од 1 трилиони долари е поголема од двата најголеми процесори за платежни мрежи за плаќање со картички во светот, „Visa” и „Mastercard” чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари.

Според најновите податоци од пазарот на криптовалути, најпознатата дигитална паричка од нула достигна пазарна вредност од 1.000 милијарди долари, 3,6 пати побрзо од „Microsoft“.

Биткоинот минатата недела достигна рекордна вредност од 61.781,20 американски долари, и достигна вредност поголема отколку вкупно трите најголеми банки во светот. Во тоа време, неговата пазарна капитализација се приближи на нивото од околу 1,15 трилиони долари, додека вредноста на „JPMorgan“, „Bank of America” и „Industrial and Commercial Bank of China” заедно изнесува 1,08 трилиони долари.

Извори од „Економетрикс” за анализа на крипто-пазарот велат дека на 13-ти март, вредноста на биткоинот била иста како 45 проценти од средствата на инвеститорите инвестирани во злато и дека тоа одговара на удел од 10 проценти од физичкиот пазар на злато како целина.

За навистина да го надмине златото, биткоинот треба да се тргува по цена од 590.000 американски долари, додаваат изворите.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

“BITCOIN CITY” – Ел Салвадор сака да стане финансиски центар на светот!?

Објавено

на

Ел Салвадор планира да го изгради првиот „Биткоин град“ во светот, првично финансиран од обврзници поддржани од биткоини, најави претседателот на државата, Најиб Букеле. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

БАЛКАНОТ ПОЛУДЕ ПО КРИПТОВАЛУТИ – Побарувачката зголемена седумкратно, а вложуваат економисти, банкари, пензионери…

Објавено

на

Не само што светот полуде по биткоини и останати криптовалути туку и криптовалути почнаа масовно да се купуваат на Балканот, иако до неодамна дигиталните криптовалути беа табу тема. До пред само неколку месеци повеќето Балканци со незадоволство и неверување гледаа на овој „виртуелен свет“, а во моментов со криптовалути на големо се тргува и заработува. И тоа буквално сите тргуваат со криптовалути од економисти и банкари, до лекари, музичари, луѓе без работа, пензионери итн… (more…)

Продолжи со читање



Популарно