Connect with us

Криптовалути

Биткоинот е непроценлив како валута

Објавено

на

Вреднувањето на биткоинот дека претставува криптовалута која е непроценлива е многу важен атрибут, особено во земји како Аргентина и други каде во моментов расте интересот за признавање и воведување на криптовалутите како платежно средство.

Тони Вајс, поранешен трговец на Вол Стрит, вели дека е оптимист во врска со иднината на биткоинот и смета дека е важно луѓето „конечно да разберат колку се важни криптовалутите за глобалниот финансиски систем“.

Трговецот со деривати и криптовалути, кој бил брокер на Вол Стрит скоро цела една деценија, додава дека биткоинот е значително супериорен во однос на златото.

„Не можете да ги спречите луѓето да користат биткоини и останати криптовалути“, вели Вајс, додавајќи, „Ова средство е „бесценето и непроценливо“, додека истото не можете да го тврдите повеќе за златото“.

Тој објаснува дека златото е тешко за транспорт, комплицирано за пренос и лесно подлежи на грабеж. За биткоинот е уверен дека ќе достигне нови високи вредности.

Криптовалути

Централните банки ги испитуваат ефектите од можно воведување на дигитални валути

Објавено

на

Најголемите светски централни банки се здружија со цел да истражат дали е неопходно да се издадат криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Како банкарската крипто револуција ќе дојде од Швајцарија?

Објавено

на

Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за чување и управување со личното богатство се повеќе ќе се насочува кон употреба на криптовалута како нов и модерен начин за задржување на приватноста на корисникот.

Водејќи се од таа помисла новата банка SEBA Bank AG до седиште во Цирих и глобални лиценци ги истакна своите амбиции за употреба на криптовалутите.

Една од главните услуги на SEBA Bank AG е издавањето на дебитна картичка која благодарение на напреден софтвер може да прави плаќања и во традиционални валути и во модерни како биткоин и инстантно да ја направи конверзијата.

Со истата картичка на SEBA покрај мобилни плаќања и трансфери може да се прават трансакции за тргување на повеќе криптоберзи на кои се менуваат вредностите на различни финансиски продукти и криптодеривати.

Визијата на основачот Гидо Булер ја споделуваат и голем број на ангел инвеститори бидејќи досега неговата банка има собрано 100 милиони франци финансирање за само 2 месеци.

Швајцарија се повеќе развива позитивна крипто клима. Falcon Group во изминатите три години веќе овозможува управување со биткоин средства за корисниците.

Швајцарскиот стартап Bitcoin Suisse  исто така аплицираше за глобална лиценца во Швајцарија со што ќе може да работи од комерцијално банкарство, до чување на валути и понуда на крипто услуги.

Предностите на крипто банките кои се во самиот зачеток е брзината на отворање на сметка, издавање на дебитна картичка и бројни бенефиции во делот на приватноста и ефикасноста во тргувањето со криптодеривати.

Според Булер овие предности се повеќе ќе ги привлекуваат инвеститорите кои сакаат да го избегнат физичкиот ризик од располагање со криптовалутите, нивно чување и управување.

Визијата на швајцарските крипто банкари е нивните услуги да се пренесат и кон генералното население со поголемата употреба на криптовалутите, наместо како сега на помала група на инвеститори и иноватори.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот може „многу лесно“ да достигне вредност од 50.000 долари во 2020 година

Објавено

на

Биткоин (BTC) може „многу лесно“ да достигне вредност од 50.000 долари во 2020 година, изјави за медиумите еден извршен директор на компанија која тргува со криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Популарно