Connect with us

Криптовалути

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Објавено

на

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе „CoinDesk“.

Тоа е највисоката вредност на водечката светска криптовалута во последните повеќе од три месеци, пренесе телевизијата „CNBC“.

Оваа дигитална валута во април го забележа историскиот максимум од над 64.000 долари, но во јуни и јули следуваше нејзината распродажба и урување на вредноста, што опадна дури и под 30.000 долари. Ова во голема мера се должеше на построгата регулатива од кинеските власти, што доведе до прекин на рударењето на биткоини во Кина и преместување на оваа активност во други земји.

Меѓутоа, од средината на јули повторно почна континуираното закрепнување на пазарот за криптовалути.

Во последните неколку дена, две важни објави имаа позитивно влијание врз движењето на вредноста на дигиталните пари. Една од водечките трговски крипто платформи, „Coinbase“, минатата недела соопшти дека ќе купи криптовалути во вредност од 500 милиони долари и дека ќе одвои 10 проценти од својот профит за портфолиото на крипто средства. Второ, Компанијата за онлајн плаќања „PayPal” соопшти дека ќе почне нова услуга во Велика Британија за да им овозможи на луѓето да купуваат, чуваат и продаваат дигитални валути.

Во меѓувреме, другите дигитални монети исто така растат во вредноста. Етер ноќеска се тргуваше со раст од околу 2,0 проценти, на 3.302,59 долари.

Вредноста на целиот крипто пазар во неделата надмина 2,14 трилиони долари, може да се види од податоците на порталот „Coinmarketcap.com“.

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ископани се речиси 90% од биткоините во светот: Што по нивното целосно ископување!?

Објавено

на

Биткоинот, најголемата и најпознатата криптовалута во светот, има ограничена понуда на монети, а речиси 90 проценти се веќе ископани. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Битконот порасна за 21,66% и повторно ја помина границата од 50.000 долари

Објавено

на

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот во последните 7 дена порасна за 21,66% и повторно ја помина границата од 50.000 долари. (more…)

Продолжи со читање



Популарно