Connect with us

Криптовалути

БИТКОИНОТ ГИ УРНА СИТЕ РЕКОРДИ – достигна историски највисоко ниво од над 66.000 долари!

Објавено

на

Цената на најпознатата светска криптовалута – биткоинот повторно вртоглаво расте, надминувајќи ја границата од 65.000 американски долари и притоа го оствари историски највисокото ниво досега.

Биткоинот достигна максимална вредност од 66.152 американски долари, но веднаш потоа минимално падна, па во моментов се тргува по цена од 64.825 американски долари.

Растот на вредноста на биткоинот следеше откако вчера беше започнато првото тргување на берзата со фјучерси на биткоин.

„ETF ProShares Bitcoin Strategy” почна со тргување по цена од 40 долари по акција под кратенката BITO и заврши со пет проценти.

Фондот ProShares е првиот од неколкуте ETF што допрва треба да се видат на Волстрит. VanEck, Invesco, Valkyrie и Galaxy Digital се меѓу неколкуте инвестициски компании кои аплицирале до Комисијата за хартии од вредност за лансирање биткоин ETF.

Одобрувањето на ETF е пресвртница за индустријата

Вредноста на биткоинот се зголеми овој месец во пресрет на почетокот на тргувањето со фјучерси на акции и благодарение на фактот дека зголемен број институционални инвеститори почнаа да го купуваат.

Неговата цена се зголеми и покрај постојаните критики од извршниот директор на JPMorgan Chace Џејми Димон, кој неодамна рече дека е безвреден.

„Одобрувањето на ETF е пресвртница за индустријата“, рече претседателот на фондацијата за Bitcoin, Брок Пирс, во изјава за CNN Business.

„Овој момент се чекаше долго. Бројни претприемачи и компании го чекаа ова од 2013 година, откако побараа одобрение од регулаторите“, додаде тој.

Почнува ера во која малите инвеститори можат директно да инвестираат во биткоин

„Почнува ера во која малите инвеститори можат директно да инвестираат во биткоин преку ETF и служи како дополнителна потврда за биткоинот и криптовалутите низ целата земја и на глобална основа“, додаде Пирс.

Експертите истакнуваат дека ETF ќе го доближи биткоинот до масите и ќе му овозможи на просечниот инвеститор да учествува во тргувањето без дa „рудари“ самостојно.

„Веруваме дека многу инвеститори со нетрпение го очекуваат започнувањето на ETF поврзан со биткоин, по долгогодишни напори да се започне, рече извршниот директор на ProShares, Мајкл Сапир.

„BITO ќе ја прошири достапноста на биткоин на голем дел од инвеститорите кои имаат брокерски сметки и тргуваат со акции и ETF, но не сакаат да поминат низ процесот на регистрација во разни менувачници.“

Важно е да се напомене дека со купување на ETF на ProShares не станувате директен сопственик на биткоин, туку се обложувате само за идната цена на таа криптовалута.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно