Connect with us

Форекс

Биткоинот во Зимбабве прогласен за нелегален и покрај дуплата вредност

Објавено

на

Минатата недела во Зимбабве под дејство на државниот удар кој се случи Биткоинот достигна рекордна вредност од над 13 илјади долари што е речиси дупло во однос на интернационалните пазари. Луѓето стравувајќи за своите пари сите средства ги насочуваа кон оваа актуелна валута. Но, и покрај тоа централната банка на Зимбабве го прогласи Биткоинот за нелегален.

Reserve Bank of Zimbabwe ја донесе одлуката оваа криптовалута да биде забранета за употреба на целата територија на државата. Од банката предупредија дека сите кои инвестираат средства во Биткоинот постои можност истите да ги изгубат без никаков надомест. Сите операции во кои е вклучена оваа криптовалута не се одобрени од државата. Биткоинот не е официјално призната валута и како таква нема можност истата да биде користена.

Покрај негативните коментари упатени кој оваа дигитална валута, од банката велат е спроведено истражување и се развива иницијатива со цел да се воочат ризиците поврзани со употребата на криптовалутите како Биткоин и Етереум како и да се заштитат оние кои сакаат да инвестираат. 

Биткоинот во Зимбабве нема да биде признаен ниту легален се додека централната банка не креира и имплементира регулаторна рамка во однос на користењето на дигиталните валути. Ваквата изјава сепак остави простор да се размислува во насока на тоа дека можеби сепак е возможна легализацијата на оваа криптовалута во државата. 

 

 

Форекс

Централниот депозитар за хартии од вредност и додели плакета на Македонска берза во знак на благодарност за досегашната соработка

Објавено

на

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал. По тој повод, на Македонската берза ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за досегашната блиска и успешна соработка помеѓу овие две, комплементарни институции. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2021 година вкупниот промет изнесува 615.657.953 денари и е намален за високи 78,01% во однос на претходниот месец август. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

ТУРСКАТА ВАЛУТА ТОНЕ ВО ДУПКА БЕЗ ДНО, Ердоган повторно направи чистка во централната банка

Објавено

на

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво. (more…)

Продолжи со читање



Популарно