Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Криптовалути

Биткоинот бележи пораст од над 140 отсто од почетокот на годината

Објавено

на

Од почетокот на годината до денес, биткоинот бележи пораст од над 140% и неговата сегашна вредност е над 9.000 американски долари.

Биткоинот е еден вид дигитални пари (крипто валута). Она што го прави различен од конвенционалните пари е дека ниту една институција не ја контролира мрежата на биткоинот, што значи дека банката не може да ги контролира вашите пари.

Во април 2010 година цената на еден биткоин изнесуваше 0.003 долари, додека рекордната вредност биткоинот ја достигна во декемри 2017 кога вредеше преку 17.000 долари.

Многу држави го прогласија биткоинот за легален што имаше позитивно влијание врз неговата цена. Една од причините зошто цената на биткоин е зголемена е тоа што не е под влијание на владите. Биткоинот се следи преку јавни онлајн записи попознати како „блок-чејн“.

Конечниот број на биткоини може да се произведе преку процес наречен „рударство“, а всушност станува збор за решавање на комплексни математички проблеми. Еден од најголемите недостатоци на овој метод на тргување е дека, иако евиденцијата за трансакциите е јавна, корисниците што ги прават трансакциите остануваат анонимни.

Криптовалути

Се создава најголемата рударска фарма во светот за “рударење” на биткоини!?

Објавено

на

Германската компанија за “рударење” на биткоини, Northern Bitcoin, склучи договор за спојување со американскиот конкурент Whinstone со цел заедно да ја основаат најголемата рударска фарма во светот. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Руски агенти стојат зад грабежот на векот на криптовалути?

Објавено

на

Големиот крах на крипто-берзата BTC-E и подоцна позната како Wex од пирамидална измама сега добива сосема нова димензија по истражувањето кое го направи BBC Russia. Според нивната истрага постои голема можност грабежот на криптовалути во вредност од 450 милиони долари да бил извршен од страна на агенти на руската безбедносна и разузнавачка служба ФСБ. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Поранешниот шеф на ЕЦБ вели дека биткоинот „не е реален“

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин нема никакви валутни карактеристики и е чисто шпекулативна, изјави поранешниот претседател на Европската централна банка Жан-Клод Трише. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange