Connect with us

Останато

Битиќи: Потребно е да има ребаланс на Буџетот, поради новиот пакет антикризни мерки

Објавено

на

Етничкиот клуч за вработување во приватниот сектор, не одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку за тоа е најважна компетентноста и професионалноста, вели вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој истакна дека во владината програма на страна 39 параграф 3 стои дека Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за различните категории граѓани со различности во нашата економија, но, како што потенцира, ако заедно утврдиме дека како Влада не сме направиле доволно.

„Во владината програма стои дека Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за категории на граѓани со различности во нашата економија. И јас тоа го кажувам. Но, не гледам омекнување затоа што тврдам дека јас стојам позади тоа дека клуч по етничка основа не може да биде клуч кој што одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку компетентноста и професионалноста е клучот за сето тоа“, рече вицепремиерот Битиќи.

Нашиот мандат, односно мандатот на оваа Влада во наредните четири години, потенцира тој, е да се фокусира на „економија, економија и економија“ затоа што, како што рече, тоа ќе донесе подобар живот за секој еден граѓанин во Македонија.

Тој најави дека ќе има ребаланс на Буџетот поради новиот пакет антикризни мерки и дека државата повторно ќе се задолжи.

„Ребаланс секако треба да има, затоа што ние спремаме нов пакет на економски мерки, затоа што е тоа потреба на граѓаните, тоа е потреба на економијата за справување со економските последици од коронавирусот“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Според него, на задолжувањето на државата не треба да се гледа само низ процентуалната задолженост, туку дека е клучно дали со задолжувањето ќе се решаваат проблеми на граѓаните, дали средствата ќе се лоцираат токму таму каде е најпотребно или средствата од задолжувањето ќе се користат за непродуктивни и неефикасни трошења. Тој е уверен дека државата е во состојба да ги враќа и старите долгови и оние поновите.

„Велам да. Ќе може да се враќаат кредитите. Пред некој ден имавме дебата меѓу ресорните министри и заклучокот е едноставен. Има задолжувања со историски највисоки каматни стапки во изминатиот период. Денеска на меѓунардниот финансиски пазар има за пет пати поефтини кредити. Било кој и најнеук да е и да го водел само своето семејство, ако некој му каже дека има поефтини пари наспроти тие кои завчера, ќе ги земе поефтините за да ги рефинансира постоечките, затоа што заштедата ќе му овозможи да реши одредени проблеми“, вели Битиќи.

Според вицепремиерот, доколку денеска се направат две такви операции ќе се заштеди онолку колку ќе не чинат субвенцинирање плати во приватниот сектор за три месеци.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно