Connect with us

Останато

Битиќи: Недела ќе биде неработен ден, оние што ќе работат, ќе бидат платени и ќе имаат слободен ден

Објавено

на

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, соопшти вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“ тој посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.

“Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела ќе биде неработен ден и ден на неделен одмор, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден. Пред крај е конечното законско решение, но исклучок ќе бидат 34 дејности и дејностите кои се поврзани со колективните договори потпишани во секоја гранка“, изјави Битиќи, коментирајќи го предлог-законот кој Владата го најави уште во својата изборна програма.

Вицепремиерот за економски прашања додаде дека ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и Организацијата на работодавачи.

„Она за што се уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната”, појасни Битиќи.

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно