Connect with us

Криптовалути

Бислимовски: Зголемувањето на потрошувачка на струја се должи и на копањето биткоини

Објавено

на

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски утрово информира дека зголемената потрошувачка на електрична енергија во земјава се должи и на копањето биткоини.

„Особено во делови на Скопје. Покрај тоа, имаме и нелегално превземање на струја. Од податоците што располагаме, електродистрибуција веќе има фатено поголем број потрошувачи и домаќинства кои копаат и нелегално се приклучуваат на јавното осветлување”, изјави Марко Бислимовски за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, секое домаќинство е лимитирано да повлече електрична енергија до одредена количина.

„Осигурувачите дозволуваат одредена сила на енергија да се повлече од системот. Тие ги менуваат и неразбираат дека тоа е проблем. Можемда прегори инсталацијата и да дојде до пожар. Доколку се прави по легален пат и се пријави, би немале проблеми. Дивото приклучување може да се одрази на тие кои одговорно си плаќаат и не злоупотребуваат”, потенцира Бислимовски.

(Фото: Слободен печат)

Криптовалути

ЦРНА НЕДЕЛА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од јануари

Објавено

на

Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути

Објавено

на

Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути „Nexo” објави дека во соработка со глобалната компанија за картички „Mastercard”, во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

На што се заснова успехот на дигиталните пари?

Објавено

на

Трета година по ред, биткоинот, како најпозната криптовалута во светот, значително ја надмина заработката што можеше да се постигне со пласирање пари во алтернативни видови инвестиции. Во 2021 година, биткоинот донесе принос од речиси 60 проценти, што е поголема заработка во споредба со рекордниот скок на цената на суровата нафта, индексите на американските или германските акции. Разликата е уште поизразена во однос на видовите средства кои претрпеа загуби минатата година, како што се американските корпоративни и државни должнички хартии од вредност, злато или сребро. (more…)

Продолжи со читање


Популарно