Connect with us

Лични финансии

БИЛ ГЕЈТС: Треба да си поставите 4 прашања за да го оцените квалитетот на вашиот живот

Објавено

на

Бил Гејтс има 63 години. Тој во целост се согласува со фактот дека воопшто не е истата личност која бше кога ја основаше компанијата “Microsoft”.

За да го оцени квалитетот на неговиот живот, тој си поставува различни прашања кои би требало да си ги поставуваме и ние како созреваме.

На возраст од 25 години, Гејст единствено го интересирал одговорот на прашањето: Дали софтверот на “Microsoft” прави да се оствари личниот компјутерски сон?

Нов сет на прашања

Во неговиот блог пост на “Gates Notes” тој изјави дека сеуште го оценува квалитетот на својата работа, но дека прашањата кои сега си ги поставува се многу поразлични од оние во 20/тите години. Прашањата кои си ги поставува сега се:

  1. Дали посветував доволно време на моето семејство?
  2. Дали научив доволно нови работи?
  3. Дали развив нови пријателства и ги продлабочував старите?

Гејтс признава дека овие прашања би биле “смешни” за него на 25 години, но затоа на 63 години тие се многу значајни.

Исто така не заборави да го спомне прашањето на неговиот добар пријател и ментор, Ворен Бафет:

“Дали луѓето за кои се грижите ве сакаат?”

Ова е сопствена мерка за успех на Бафет, вели Гејтс.

 

 

Лични финансии

Што претставува каматно-каматниот ефект или попознат како сложена камата?

Објавено

на

Еден од најпознатите научници во историјата, Алберт Ајнштајн ја опишал сложената камата како “Осмо Светско чудо”. Тој додал дека оној кој го разбира овој ефект, заработува многу, тој што не го разбира, подоцна скапо го плаќа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Променете ги навиките и почнете да штедите

Објавено

на

Сликата што ни ја дава статистиката за повисоки плати и ниска инфлација се замаглува ако се обидете да ја наполните кошничката во некоја од домашните продавници и супермаркети. Кога ќе се спореди фискалната сметка и она што сме го ставиле во торбата по пазарењето, неизбежно доаѓа прашањето „Каде ми отидоа парите?“. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да се справите со негативно лице на работа

Објавено

на

Негативните луѓе на работа не се многу забавни. Да, сите имаме тешки времиња. Но, кога луѓето постојано се задржуваат во таа негативна енергија и се жалат постојано, а вие мора да бидете во нивна близина цел ден, тоа може да ве излуди.

Најлошо од сè е тоа што, доколку не сте внимателни, негативните луѓе можат и вас да ве претвораат во негативна личност.

Што треба да направите? Па, доколку сте соработник на таа личност, вашата работа не е да ги поправате цело време, туку да се справите со нив.

Тренерот и предавач по комуникации Бренда Бејли-Хјуз дава три стратегии како да се биде позитивен на работа преку нејзината програма за учење на LinkedIn.

Три стратегии за справување со негативното лице на работа

Според програмата на Бренда наведените три стратегии за справување со негативен колега, се во опаѓачки редослед, што значи дека прво треба да се примени првата стратегија, доколку таа не функционира, тогаш втората. Секако, доколку не функционираат првите две, тогаш се применува последната трета стратегија.

    1. Практикувајте емпатија.

Повеќето луѓе кои се жалат дека не сакаат да ги поправат проблемите, сакаат да бидат сослушани. Со нивно сочувство и емпатија, тие ќе го ценат тоа – и потенцијално ќе го подобруваатсвоето расположение.

“Емпатијата не решава, таа поврзува”, рече Бејли-Хјуз.

    2. Држете дистанца (растојание) од негативецот.

Пробавте да бидете сочувствителни, но лицето сеуште останува негативно. Што треба да направите?

Држете растојание од личноста. Работете во конференциска сала, наместо на вашата работна маса, доколку негативната личност седи блиску до вас. Носете слушалки и релаксирајте се со музика. Ако негативецот разговара со вас, само насмевнете се, кимнете со главата и не кажувајте ништо.

“Ние заслужуваме да бидеме среќни и кога другите се обидуваат да ја украдат среќата од нас, малку оддалеченост е добредојдена”, рече Бејли-Хјуз.

  3. И за крај, пренасочување.

Ако емпатијата не ја спречи негативноста и доколку не можете да се извлечете од нив од која било причина, време е да се обидете да ја пренасочите нивната негативност.

Значи, ако се жалат на тоа како изгубиле договор, пренасочете ги со тоа што ќе ги предизвикате со прашањето како планираат да добијат нов договор. Или, замолете ги да набројат три добри работи што им се случиле тој ден.

Не ги повикувајте да бидат негативни доколку сте им соработник – тоа најверојатно ќе го влоши нивното и онака лошо расположение. Наместо тоа, сторете се да го пренасочите разговорот кон нешто позитивно.

Барате да станете подобар комуникатор на работа? Погледнете го курсот за учење поврзан со LinkedIn, Совети за комуникација неделно.

Често сте се соочувале, се соочувате и ќе се соочите со вакви негативни личности на работното место. Овие совети на Бренда Бејли-Хјуз ќе би помогнат ваквите непријатни ситуации полесно и поедноставно да ги пребродите, а негативните лица да ги извлечете од летаргијата и да ги внесете во позитивизам и да извлечете насмевка на нивните лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange