Connect with us

Останато

Бил Гејтс: Трговската војна ќе влијае на економијата, а тоа што го прави Трамп е алармантно

Објавено

на

Американскиот милијардер Бил Гејтс ги опиша тензиите во глобалната трговија како „алармантни”, оценувајќи дека тие би можеле да го загрозат економскиот раст и вработувањето. Коментарите на Гејтс доаѓаат откако многу водечки светски организации веќе предупредија за ефектите од трговската војна врз светската економија.

Голем број земји во светот се вовлечени во актуелниот трговски конфликт, за кој најмногу е заслужен претседателот на САД Доналд Трамп.  Европската унија (ЕУ), Канада и Мексико исто така беа вклучени во конфликтот со САД.

„Дефинитивно овој трговски конфликт изгледа страшно, особено доколку луѓето кои бараат работа надвор од сопствената земја, можат да се откажат во еден момент од тоа. Ќе следи негативно влијание врз светската економија, кое може да биде и многу посериозно, ако трговската војна продолжи со наметнувањето давачки. Реториката дека ќе користиме трговски царини и ќе принудиме некого да направи нешто, може да доведе до ескалација, да се најдеме во ситуација со многу давачки и тоа да го спречи увозот и извозот, како целина, што само по себе ќе претставува сериозна тежина за економски раст и за создавањето на нови работни места“, смета Бил Гејтс.

Коментарите на Гејтс доаѓаат во позадина на предупредувањата на голем број на големи организации за негативното влијание на растечката трговска војна врз светската економија. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави во јуни дека доколку траат заканите од страна на САД кон нивните трговски партнери во однос на царините може да го намалат значително глобалниот економски раст до 2020-та година со 0,5% или 430 милијарди долари загубен БДП.

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange