Криптовалути
Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали


Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама.
„Тие трендови на дигитален имот 100% се темелат на „теоријата за поголеми будали“”, изјави Гејтс.
Тој се повика на теоријата според која понекогаш може да се заработи со купување на преценет имот ако тој имот подоцна може да се продаде по уште повисока цена.
„Еден „будала“ во тој случај би можел да купи прескап имот, надевајќи се дека може да го продаде на „уште поголем будала“ од себе и така да направи заработувачка. Тоа може да функционира се додека има доволно „будали“ подготвени да платат повеќе. Но, кога веќе никој нема да сака да купува, низата се прекинува и следува голем пад на цените”, додаде Бил Гејтс.
Бил Гејтс истакна дека тој не тргува со криптовалути и ги исмеа NFT, шегувајќи се дека „скапите дигитални слики на мајмуни исклучително ќе го подобрат светот“. Наспроти тоа, основачот на „Microsoft” рече дека преферира старомодни вложувања.
Криптовалути
South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија


South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)
Криптовалути
ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини


„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје