Останато
Бил Гејтс и натаму на врвот на листата на најбогати луѓе на “Форбс”


Соосновачот на Microsoft Бил Гејтс и понатаму е најбогат човек на светот според новата листа на магазинот Форбс.
Неговото богатство се проценува на 86 милијарди долари, а тој ја предводи листата на најбогати луѓе на светот четврта година по ред и 18 пати во изминативе 22 години.
На второто место на листата се наоѓа американскиот инвеститор Ворен Бафет со проценето богатство во вредност од 75.6 милијарди долари.
Трет е генералниот директор и основач на Амазон, Џеф Безос, со богатство од 72,8 милијарди.
Основачот на Facebook Марк Закерберг на петто место, а соосновачот на Oracle Corporation, Лери Елисон е седми.
На листата на првите 10 најбогати во светот доминираат Американци, што се должи на растот на вредноста на америкнаската берза по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември 2016 година, Кина а втора со 319 милијардери, а Германија трета со 114.
„Популацијата на милијардери ширум светот се зголемила за 13% во текот на минатата година на 2.043 луѓе, што претставува најголемо годишно зголемување во последните 31 година откако магазинот започна да ја составува листата,“ соопшти Forbs.
Меѓу останатите 10 најбогати на Форбсовата листа се Аманасио Ортега, сопственик на шпанскиот синџир продавници Zara, потоа мексиканскиот телекомуникацикси тајкун Карлос Слим на шесто место, браќата Кох, Чарлс и Дејвид се осми и деветти, а на позиција 10 е поранешниот градоначалник на Њујорк и основач на Bloomberg News, Мајкл Блумберг.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје