Connect with us

НБРМ

Билатерална фаза на аналитички преглед на законодавството со ЕУ – учество на претставници на Народната банка во билатералната фаза за областа „Финансиски услуги“

Објавено

на

Народната банка е активно вклучена во активностите на работните групи за подготовка на преговарачките позиции за пристапување на нашата земја во Европската Унија, по одделни поглавја и области и во тековниот процес на билатералната фаза на аналитички преглед на законодавството (англ. Screening) со Европската Унија. Во рамките на Кластерот 2 – Внатрешен пазар, а конкретно за Поглавјето 9 – Финансиски услуги, свое излагање имаа Фросина Целеска и Лидија Пушевска-Марковска од Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки во рамките на подрачјето „Банкарство и финансиски конгломерати“ и Игор Величковски од Дирекцијата за платни системи во однос на подрачјето „Платни системи и платежни услуги“.

Во  подрачјето „Банкарство и финансиски конгломерати“, претставниците на Народната банка ја презентираа примената на директивата и регулативата за капиталните барања на кредитните институции, примената на директивата за закрепнување и решавање банки и на директивата за реорганизација и престанок со работа на кредитните институции. Во овој домен беше истакнато високото ниво на усогласеност на домашната банкарска регулатива и супервизија, за коешто потврда е и Одлуката на Европската комисија од 1 октомври 2021 година за усогласеноста на супервизорските и регулаторните барања во Република Северна Македонија со тие пропишани со соодветните прудентни барања и стандарди во ЕУ. На состанокот беа презентирани моменталните состојби и трендови во домашниот банкарски систем, како и детален опис на стандардите и практиките коишто ги применува Народната банка при вршењето на супервизорската функција. Стана збор и за идните планови во однос на постојаните активности на Народната банка за следење и усогласување со сите новини во ЕУ, коишто се однесуваат на регулативата и супервизијата на кредитните институции. Посебен акцент во овој дел беше ставен на активностите коишто се преземаат заради примена на барањата поврзани со воспоставувањето на функцијата за решавање банки, како во однос на обезбедувањето соодветна законска рамка усогласена со директивата за закрепнување и решавање банки, така и во однос на градењето соодветни организациски и човечки ресурси за спроведување на оваа функција од страна на Народната банка.

Во подрачјето „Платни системи и платежни услуги“ претставниците на Народната банка ги  презентираа решенијата во Законот за платежни услуги и платни системи коишто овозможуваат конечност на порамнувањето на налозите за пренос на парични средства доставени од учесниците во платните системи, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните и фирмите при извршувањето на нивните плаќања. На состанокот беше даден осврт на најрепрезентативните услуги, односно на услугите коишто граѓаните најчесто ги користат преку платежните сметки, коишто ги има утврдено Народната банка и за коишто давателите на платежни услуги ќе доставуваат информации до Народната банка за надоместоците што ги наплатуваат од потрошувачите. Во тој контекст, беше истакнато дека до крајот на септември оваа година, Народната банка на својата интернет-страница ќе овозможи споредување на надоместоците на најрепрезентативните услуги, при што граѓаните на едно место ќе може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќа секој давател и да одлучат кој од нив им нуди најповолни услови за извршување на плаќањата. Општо гледано, решенијата во Законот за платежни услуги и платни системи и подзаконските акти коишто ги донесе Советот на Народната банка кон крајот на 2022 година обезбедуваат целосна усогласеност со барањата на Директивата на ЕУ за конечност на порамнувањата и Директивата на ЕУ за споредливоста на надоместоците коишто се однесуваат на платежните сметки, пренесување на платежните сметки и пристап до платежните сметки со основни функции, коишто беа на агендата на овој билатерален состанок.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно