Connect with us

Електронско банкарство

„Бизнис раст со е-трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а веќе од оваа недела се пуштени во продажба 50 карти по специјална „Super Early Bird“ цена од 59 евра, кои ќе се продаваат до 30.07. или до потрошување на залихите.

И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде мноштво на истакнати меѓународни и домашни говорници преку предавања, панел дискусии и „fireside chats“, односно неформални разговори, ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата.

Темата на овогодинешната конференција е ‘Бизнис раст со е-трговија’. Водени од потребите, предизвиците и преференциите на учесниците на пазарот на е-трговија, оваа година конференцијата ќе го стави растот на бизнисот во фокус, кој може да се забрза со правилно водење на е-трговијата, како значаен канал за продажба. Главниот акцент ќе биде ставен на е-купувачот и на модерните маркетинг алатки. Е-трговијата може навистина да биде двигател на растот на бизнисот и да ги задоволи и надмине очекувањата на менаџерите, но единствено со нејзино правилно менаџирање“, изјавува организаторот на конференцијата, Нина Ангеловска, ко-основач и главен извршен директор на Grouper.mk и претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Имајќи го ова на ум и во насока на надминување на очекувањата на учесниците, конференцијата најавува висококвалитетна програма, која ќе вклучува домашни и меѓународни говорници со огромно искуство во нивните области. Агендата ќе се состои од воведни презентации, панел дискусии и неформални разговори со експерти.

Од Асоцијација за е-трговија на Македонија објаснуваат дека темата е всушност поттикната од потребата за меѓусекторска соработка и обемни знаења од повеќе области, особено кај македонските компании кои понекогаш ги преценуваат очекувањата за нивната е-продавница. Оттука, на конференцијата посетителите ќе имаат прилика да ги слушнат актуелните маркетинг алатки за позиционирање на нивната е-продавница, како и теми врзани со SEO (оптимизација на алатките за пребарување), креирање атрактивна содржина, генерирање на лидови, одлично корисничко искуство и многу други алатки кои влијаат на зголемување на продажбата.

Инаку, минатата година конференцијата ги пресретна и надмина очекувањата на 85% од учесниците. Беа присутни околу 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а свои презентации имаа 30 говорници од 8 земји.

Повеќе детали поврзани со настанот следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на: https://ecommerceconference.mk/

Електронско банкарство

Купувањето онлајн и отворањето на продавници за е-трговија во пораст

Објавено

на

Македонските граѓани сѐ повеќе купуваат онлајн, но и отвораат онлајн продавници, а доказ за ова е порастот кој го бележиме по бројот на трансакции, порастот по вредноста на трансакции, но и порастот по бројот на уреди на виртуелни места на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Ново електронско банкарство за правни лица од Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје воведе посовремен систем на електронското банкарство за работа на правни лица. Новото решение работи на база сигурносен токен (КИБС дигитален сертификат), со внесување на соодветна лозинка. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Софтверски токен за плаќања – ново од i-bank услугите на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите корисници дека Банката со почетокот на годината воведе новитет во користењето на i-bank услугите – софтверски токен за плаќања преку телефонско банкарство, e-banking и m-banking. (more…)

Продолжи со читање

Популарно