Connect with us

Останато

Бизнис Мрежа одсега со бонитетни информации за компании од Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија

Објавено

на

На македонските компании значително ќе им се олесни процесот за носење паметни деловни одлуки во соработка со компании од регионот. Сега веќе имаат можност да добијат инстант информација за бонитетот на било која компанија од Србија, Хрватска, Словенија или Црна Гора, целосно онлајн на само еден клик. За било компанија од регионот можете да ги проверите нивните финансиски податоци, кредитен рејтинг, бизнис тренд, судски спорови, сопственичка и управувачка структура. Сето ова го овозможува платформата за бонитетни инфомрации – БизнисМрежа.мк.

Од БизнисМрежа велат дека соработката на македонските компании со компании од регионот значително ќе се олесни, а воедно истата ќе се зголеми со помош на алатката за брза проверка на бонитетот на компаниите.

На македонските корисници на располагање им се нудат четири нови модули на платформата БизнисМрежа.мк односно бонитетни податоци за сите компаниите од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Платформата БизнисМрежа.мк е поддржана од Фондот за Иновации и Технолошки развој (ФИТР). БизнисМрежа.мк е збир на прецизни online деловни информации, кои што се потребни за донесување секојдневни деловни одлуки. Најголемата база на податоци Ви овозможува увид во работата на повеќе од 80.000 активни македонски правни субјекти, а сега веќе достапни се и податоци за компании од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. На едно место ги содржи сите последни информации за сите регистрирани правни лица.

Повеќе информации македонските компании можат да добијат на телефонскиот број 02/3117-100 или со контакт на е-пошта info@biznismreza.mk.

Останато

Јавна расправа за Законот за буџети: Се воведуваат фискални правила и фискален совет за поголема контрола на јавните финансии

Објавено

на

Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет – во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денека на јавната расправа која се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваше министерот за финансии Фатмир Бесими, преставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации, беше дискутиран овој нов закон и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанија воведува четиридневна работна недела!?

Објавено

на

Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 16,5%

Објавено

на

Стапката на невработеност во земјата заклучно со третиот квартал изнесува 16,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно