Анализи
Бизнис идеите „Big heart“, „Sweet and Fit“, „ Pixyle“ и „QxJunk“ победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018


Ангажирање на артисти како магионичари кои ќе го прават поубав секој ден на лицата со некакви потешкотии (деца без родители, лица со ментални болести, лица со попреченост и слично) е основата на социјалната бизнис идеја „Big Heart“. „Ние сакаме да го направиме поубав секој ден на оние кои им е најпотребно, но исто така сакаме и да дадеме можност за вработување на лицата кои инаку тоа не можат да го сторат толку лесно. Па, така во нашиот тим имаме момче со оштетен слух и девојка со физичка попреченост.“ – изјави Кристијан Шопов, менаџер на „Big heart“ на свечената церемонија за прогласување на победниците која се случи вчера, 03.10.2018 година во Јавна соба Скопје.
Идеите за социјален бизинис „Big heart“, „Sweet and Fit“ и „ Pixyle добија по 2000 евра парична награда од Шпаркасе Банка Македонија, како победници на овогодинешната Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018.
Втората награда во висина од 2000 евра стручното жири ја додели на тимот „Sweet and Fit“. Ивана, Теодора и Диана, претставничките на овој тим водени од мотото „Можеш да промениш и подобриш нечиј живот, а воедно да го промениш и подобриш своето здравје.“, планираат да отворат слаткарница за здрави слатки и дел од профитот да го даваат на организацијата „Љубезност“ која помага на бездомните и социјално загрозените семејства и поединци. Во иднина овие млади и амбициозни девојки планираат во својата компанија и да вработуваат лица од овие категории.
Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Pixyle“, млада македонска компанија, основана во Штип која работи на полето на одржливата мода. „Pixyle во суштината користи вештачката интелигенција која ги учи машините да препознаваат различни модни атрибути во слики, со цел да овозможиме на секој лесен пристап до модни парчиња од одржлива мода во нивниот стил. Нашата мисија е да ја поттикнеме свеста и потрошувачката на одржлива мода, што индиректно би имало голем етички, општествен и еколошки импакт.“ – изјави Светлана Кордумова Трајанова, основачот на оваа компанија.
Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “QxJunk“, воден од Моника Илкова, чиј тим ќе добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Конто- Профит.
Покрај победниците, на овој настан свое обраќање имаа и Марија Матовска – координаторка на проектот, Владимир Кечовски – Директор на Дирекцијата за микро клиенти во Шпаркасе Банка Македонија и член на жирито, како и добитниците на Наградата од претходните години: Ирина Јавенска – АРНО, Михаела Поповиќ и Наде Богоевска Av Av – Happy Dog Center и Илина Велјановска – Создади. Наградите беа доделени од страна на претставниците на Конто профит и Шпаркасе Банка Македонија.
Анализи
Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија


Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година


Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)
Анализи
Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ


Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје