Connect with us

Лични финансии

Бизнис Бар: 5 докажани стратегии за побрза продажба

Објавено

на

Добивањето на продажбата е она што го одделува просечниот од инзворедниот бизнисмен.

Еве неколку докажани стратегии за затворање на следната голема продажба.

1. Направете контакт со очи и натерајте ги да се смеат

Премногу луѓе веруваат дека продажбата е само игра со броеви, заснована на тоа на колкав број на луѓе ќе им ги презентирате вашите производи/услуги. Но, добивањето на продажбите е нешто што можете да го контролирате.

Две работи кои ќе ви помогнат:

Kонтакт со очи. Доколку сакате да стекнат доверба во вас, важно е да остварите контакт со очите.

Хумор. Со хумор ќе го ослободите притисокот и луѓето ќе бидат порелаксирани. На тој начин, поверојатно е дека ќе донесат одлуки, отколку кога се многу сериозни.

2. Знајте го вашиот клиент, никогаш не претпоставувајте

Продажбата не е само еднократен договор, туку и создавање долгорочни врски преку обезбедување услуга или производ што го прави вашиот клиент да се чувствува посебен и високо ценет.

Знајте сè за носителот на одлуката. Разберете што им се допаѓа, кои интереси ги имаат и која е нивната позадина. Дознајте за здруженијата на кои им припаѓаат, добротворните организации во кои се вклучени и што е важно за нив.

Никогаш не претпоставувајте како ќе се донесе одлуката. Дали одлуката ќе ја донесе едно лице или група од луѓе? Постојано проверувајте го барометарот за донесување одлуки за време на процесот на продажба.

3. Покажете го вашиот производ/услуга со webinar

Пред вашата публика да ги даде своите пари, тие сакаат да знаат точно како тие ќе имаат корист. Дефинирајте ја вашата единствена точка за продажба – како вашата услуга или производ е уникатна во вашата индустрија – и прикажете ја во живо на webinar.

Во вашиот webinar, потенцирајте го проблемот и покажете како производот/услугата е нивното решение. Дозволете им на луѓето да поставуваат прашања во реално време и одговорајте на нив.

4. Бидете возбудени за тоа што го продавате

Енергијата треба да ви биде на високо ниво кога продавате. Бидете возбудени! Ако не сте возбудени за тоа што го продавате, пронајдете производ за кој можете да се возбудите.

Кога зборувате за вашиот производ, проверете дали градите вредност околу тоа што производот може да направи за вашиот клиент.

5. Ветете, а потоа прикажете го вашиот процес

Прашањата на секој клиент обично се: Дали имате успешни резултати досега? Дали можете повторно да постигнете успех врз основа на нивните посебни околности?

Прво, прикажете портфолио ориентирано кон докази и ветување за одредени резултати.

Второ, покажете му на клиентот дека имате специфичен процес што треба да го следи за да ги постигнете бараните резултати.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Диверзификација на портфолиото е чекор во вистинска насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку совети за заштеда на пари

Објавено

на

Со штедењето на пари може да се изгради мало богатство кое ќе биде од голема помош во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно