Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: 3 причини зошто не ја завршувате вашата работа

Објавено

на

Секоја недела имате работи кои треба да се завршат без разлика дали за дома или за во канцеларија. Но, листата обично само се зголемува со малку големи промени во нашите животи.

По одредено време кога ќе погледнете назад што имате завршено, ќе сфатите дека многу малку е постигнато и сè што сте направиле е само “гасење на пожари”.

Еве ги причините зошто е тоа така:

Не сте планирале однапред

Прво, започнете со планирање на вашата недела однапред. Седнете во петок и разгледајте ги сите ваши проекти заедно со вашиот календар. Исполнете и испланирајте ја следната недела, со тоа што ќе го поставите вашиот најважен проект како приоритет за во Понеделник.

Осигурете се да оставите најмалку 10% од вашето време слободно за непредвидени ситуации.

Дозволувате одвлекување на вниманието

Ние живееме во свет кој очекува да бидеме присутни на овие алатки кои ни одзимаат внимание. Честопати се очекува веднаш да одговориме на е-пошта, да ги проверуваме социјалните медиуми и да бидеме достапни на телефон.

Помеѓу сите овие паузи кои ни го одвлекуваат вниманието, навистина имаме многу малку време да седнеме и да се фокусираме на работата. За да ги отстраните овие навики, проверувјате ги социјалните медиуми и е-поштата во одредени термини во денот и никогаш не си дозволувајте да ги проверите сè додека не ги завршите најважните задачи за денот.

Не го користите зборот ‘не’ доволно

Најпродуктивниот збор што го имате е зборот „не“. Тоа е зборот што не додава работи во списокот со задачи.

Но користењето на зборот ‘не’ оди подалеку од работното место. Кажете “не” на тој пријател кој сака постојано да пие кафе, a кога колегата ќе ви каже дека има некој проблем во работата, не помагајте веднаш. Прашајте го како би го поправил проблемот тој самиот. Во повеќето случаи, тој знае како да го поправи, но му треба само потврда.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што е лидер?

Објавено

на

Тоа е толку едноставно прашање, но сепак продолжува да ги збунува дури и некои од најдобрите мислители во бизнисот. Има доста книги за лидерството, но сепак е тешко да се застане за да се дефинира. (more…)

Продолжи со читање

Популарно