Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Технолошки совети кои ќе ви овозможат да водите бизнис каде и да одите

Објавено

на

Без разлика дали сакате да патувате низ светот или само да водите бизнис додека сте  дома со вашите деца, има многу начини на кои можете да го направите тоа.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да извлечете максимум од современата технологија.

Проширете го досегот

Секој бизнис може да го прошири својот досег со тоа што ќе се постави дигитално. Вашата локација повеќе не е важна. Може да комуницирате со клиенти и да продавате од каде било во светот.

Еден од најдобрите и најлесно достапните начини да одржувате врска со вашите клиенти и да ги информирате за тоа што се случува со вашата компанија се социјалните медиуми. Меѓутоа, покрај социјалните медиуми, треба да се осигурате дека и вашата веб страна е подготвена за клиенти од целиот свет.

Поставете работно време

Додека работењето на овој начин носи свои придобивки, лесно може да се најдете во ситуација никогаш да не се исклучите. Тоа лесно може да доведе до исцрпување.

Затоа,  поставете си работно време и држете се до него. Кога ќе завршите, исклучете го лаптопот, тргнете го телефонот и посветете се на себе.

Споделување документи

Бидејќи нема да бидете во канцеларија, нема да ви биде лесно да споделувате документи. Не се потпирајте само на електронската пошта, затоа што нејзината сигурност е ограничена.

Пронајдете соодветен софтвер за безбедно споделување документи. На тој начин, дури и ако сте на другата страна на светот, ќе ја имате целосната контрола и ќе може да одговорите на сите побарувања од овој домен.

Видео конференции

Може да бидете каде сакате, но сепак да присуствувате на состаноци. Сè што ви треба е вашиот лаптоп, па дури и само вашиот телефон.

Задржување на фокусот

Еден од проблемите при работењето надвор од канцеларија е справувањето со одвлекувањето на вниманието. Ако сте дома, домашните работи можат да изгледаат многу привлечни кога имате работа. Ако сте во странство, кој сака да работи кога има толку многу за да истражување?

Треба да научите како да бидете фокусирани ако сакате да успеете во овој начин на работа.

Дали ги имате вистинските алатки

Можеби не сте во канцеларија, но ќе ви бидат потребни вистинските алатки за да ја завршите работата. Бидете сигурни дека имате добар компјутер или лаптоп. Исто така, ќе ви требаат слушалки или микрофон, за да ви овозможат да учествувате во видео конференција.

Паметен телефон е исто така неопходен за работа, за да останете во чекор со она што се случува на работа кога сте во движење.

Лични финансии

Дали парите може да ја купат среќата!?

Објавено

на

Ова тврдење е старо колку и светот, дури и кога немало пари во оптек. Со размена на стоки, луѓето се обидуваа да се осигурат себеси и своето семејство на најдобар начин, бидејќи тоа е во човечката природа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Работа од дома: Пет грешки кои ѝ пречат на вашата кариера

Објавено

на

Во 2020 година, многу вработени навикнати да работат во канцеларија беа принудени да се префрлат на работа од дома. Затоа, прашањето е крајно релевантно денес: дали е реално да напредувате во вашата кариера додека работите од дома? Експертите споделуваат мислења во студијата на „Мари Клер“ кои грешки не треба да се прават во комуникацијата со раководството и како да се изгради вистинската стратегија за работа што ќе ви помогне да добиете унапредување со работа од далечина. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Едноставни правила за успех

Објавено

на

Градење бизнис и претприемништво бара уникатен талент и љубов кон вашата кариера. Станува збор за можност и способност да го откриете вашиот сон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно