Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Тајни за подобрување на самодовербата

Објавено

на

Познат факт е дека животот може повремено да биде тежок и со заплети тогаш кога најмалку ги очекувате. Покрај тоа, овие тешки времиња можат да имаат негативен и влијателен ефект врз вас. Ова може да ја разниша самодовербата на огромен начин – бидејќи губењето на самодоверба може да ве натера да се чувствувате несигурно, или уште полошо, да се плашете да пробате нови искуства.

Престанете да се спуштате самите

Како прво, треба да се ослободите од сите негативни мисли. Престанете да се обвинувате себеси, убедувајќи се дека не сте доволно добри или доволно паметни. Претераното размислување доведува до сомневање во себес, а тоа нема да ве доведе до никаде. Друга многу важна работа што треба да направите е да размислите за луѓето кои ве опкружуваат. Ако вашите пријатели и семејство ви носат само негативност, тогаш треба да ја доведете во прашање вашата врска со нив.

Исто така, треба да се поставите себеси на повисоко. Кажете си дека сте вистинската личност за работата и верувајте дека луѓето треба да ве сметаат за пожелни и паметни. Убедете се дека можете да го направите сето тоа.

Самоуверените луѓе не бараат одобрување од никого, ниту зависат од мислењата на другите – сето ова не е важно за нив. Што значи, доколку сакате поголема самодоверба, треба да размислувате како самоуверена личност.

Работете на вашиот физички изглед

Друга алатка која може да помогнете во зајакнувањето на вашата самодоверба е работење кон подобрување на изгледот. Облеката што ја носите може да има огромен ефект врз вашата самодоверба. Исто така е многу здраво да вежбате. Ова не само што ќе ви го подобри изгледот а со тоа и самодовербата, туку и ќе ви го избистри умот.

Сепак, ова го правите за себеси и не треба да се грижите за тоа што мислат другите за вашето тело.

Поставете цели и создадете листа со задачи

Самоуверените луѓе се поуспешни од несигурните, затоа што тие не се плашат од никого и од ништо. Ова е причината зошто тие поставуваат цели и ги исполнуваат. Тие, исто така, постојано создаваат можности за себе. Тие не седат чекајќи да им се спојат коцките – туку самоуверените луѓе прават работите да се случат. Значи, вака треба да размислувате и вие. Започнете да поставувате мали цели што се лесно достижни и создадете листа со чекори и задачи кон истите.

Променете ги вашите навики

Оваа точка може да биде и најтешкиот, но и најлесниот чекор за постигнување целосна самодоверба. Ако вашиот изглед или мислите не се причина за вашата несигурност, тогаш тоа мора да се должи на вашите сопствени навики. Ова се веројатно сите работи што ги правите или не ги правите секој ден. Ова може да вклучува работи од станување или легнување доцна, не работење на личниот развој или одржување лоша диета. Но, за среќа,  сето ова може да се промени. И имајте на ум; и покрај тоа што се чини дека овие работи не се важни или немаат влијание врз вашата самодоверба, тие всушност можат да бидат и глaвниот проблем.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Објавено

на

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно