Connect with us

Анализи

Бизнис Бар: Според кои принципи на размислување се водат успешните луѓе?

Објавено

на

Разликата помеѓу добивањето на она што го сакате и неуспевањето е одделено со мал јаз: вашиот начин на размислување. Ако сте во потрага по најдобрата верзија на себе, ќе треба да имплементирате одредени принципи на размислување.

Започнете со овие пет принципи на размислување на успешните луѓе:

1. Не се само-сожалувајте

Една од големите разлики помеѓу оние кои остануваат на патот кон личен раст во споредба со оние кои се откажуваат. Успешните луѓе разбираат дека животот не е фер и дека тие немаат право на ништо. Според тоа, тие разбираат дека оправдувањата и барањето изговори само ја блокира нивната лична моќ.

Кога ги обвинувате надворешните околности, се окажувате од вашата лична моќ. Клучот во животот не е она што ви се случува, туку како реагирате на она што ви се случува.

2. Одржете го вашиот збор

Кога го правите она што го кажувате, градите самопочит и позитивен идентитет. Успешните луѓе разбираат дека секој пат кога ќе ги прекршите ветувањата што ги создавате, го храните вашиот идентитет како измамник и ја ослабувате самодовербата како личност со акција.

На пример, ако се заложувате да вежбате 30 минути секој ден, тогаш направете го тоа. Без оглед на исходот, со самото исполнување на кажаното, се обликува вашиот карактер.

3. Разберете дека “неуспехот” е повратна информација

Успешните луѓе разбираат дека неуспехот е илузија создадена во нашите умови и тие имплементираат начини на размислување кои ќе им помогнат да изградат зајакната реалност. Кога успешните луѓе работат на одредена цел, можат да се случат две работи: да го постигнат посакуваниот резултат или да добијат повратни информации.

Непостигнувањето на целта не е неуспех туку лекција што можете да ја користите за следниот пат.

4. Задржете ја визијата, но бидете флексибилни за деталите

Размислете за своите цели како дестинација, а разните активности, навики и стратегии како вашите возила. Бројни потенцијални возила може да ви помогнат да пристигнете до посакуваната дестинација; клучот е да ги пронајдете оние кои се погодни за вас. Успешните луѓе се тврдоглави за она што го сакаат, но разбираат дека треба флексибилност за да пристигнуваат на крајната дестинација.

Како што постојано растете и напредувате, треба да продолжите да се развивате и да бидете отворени за нови идеи.

5. Размислувајте како инвеститор

Инвеститорите кои остануваат долгорочно со своите инвестиции често се наградени за својата трпеливост. Оваа иста логика важи и за вашиот личен развој. Успешните луѓе разбираат дека емоциите и исходите растат и паѓаат додека работите на постигнување на вашата цел.

Патувањето е маратон, а не спринт. Размислувајте како инвеститор и одложете ги денешните награди за нешто поголемо во иднина.

 

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно